Берлин: Уапсени членови на исламска радикална група

Полицијата во Берлин вчера извршила претреси на две локации при што се уапсени две лица на возраст од 28 и 46 години кои што се осомничени дека „подготвувале сериозни акти на насилство против германската држава“.Еден од уапсените бил од Тунис додека вториот имал сириски документи за кои допрва ќе се проверува дали се вистински или се фалсификувани, пишува МИА.
Според претставник на берлинската полиција за време на интервенцијата на германските специјалци бил извршен претрес во исламскиот културен центар „Сеитуна“ кој функционирал и како верски објект во градската четврт Шарлотебнург во Берлин како и на уште една друга локација.
Претресот извршен во верскиот објект во кој полицијата се сомнева дека бил планиран бомбашки напад не покажал присуство на експлозивни средства.
Двајцата осомничени за терористички акти биле уапсени во местото Бриц во градската четврт Нојкелн каде што живее значителен број на доселеници од арапските земји.
За време на претресите на дел од локациите биле евакуирани дел од станарите на соседните згради а полициски кучиња барале експлозивни направи. На една од локациите бил пронајден сомнителен предмет во возило за кое се верува дека е на еден од уапсените но подоцна било утврдено дека се работи за лажна тревога.
Претресите и апсењата на членови на засега непозната исламска радикална група се случувале во истиот момент додека во центарот на Берлин партнерите во германската федерална влада се договараа да испратат воена поддршка во борбата против ИД во Сирија.
На состанокот во владата е договорено Германија во Сирија да префрли шест свои извидувачки авиони од типот „Торнадо“ кои што сега оперираат во Авганистан, една фрегата која што би патролирала по сирискиот брег и авиони за дотур на гориво во воздух. Опозисициската левичарска партија „Ди Линке“ веднаш по одлуката за зголемено учество на Германија во борбата против ИД предупреди дека со ќе се зголеми ризикот од терористички напади на германско тло.
Во септември полицијата во Берлин изврши претреси во осум објекти меѓу кои и една џамија во потрага по исламски екстремисти но тогаш властите објавија дека не постојат докази за инволвирање на осомничените во планирање напади во Германија.
Најмалку 500 германски државјани или лица кои што имаат легален престој во оваа земја досега биле дел од екстремистички исламски вооружени формации во Сирија и Ирак или минале кампови за воена обука а стотина од нив се веќе вратени во Германија.
Минатата недела во Хановер беше откажан фудбалскиот меч Германија – Холандија на кој требаше да биде присутна канцеларката Меркел и членови на нејзината влада откако полицијата добила информации дека се подготвуваат терористички напади на стадионот и две локации во центарот на градот. Еден од уапсените бил од Тунис додека вториот имал сириски документи за кои допрва ќе се проверува дали се вистински или се фалсификувани, пишува М

Пронајдете не на следниве мрежи: