Берлинска црква во која муслиманските бегалци без проблем преминуваат во христијанство

Loading...

Мухамед Али Зонуби ја наведнува главата додека пасторот истура света вода врз неговата црна коса. „Дали му отфрлаш Сатаната и неговите злодела?“ – пасторот Готфрид Мартенс го прашува бегалецот од Иран.„Дали го напушташ исламот?“ – е наредното прашање.
„Да.“ – одговара Зонуби. Ширејќи ги рацете додека му дава благослов, Мартенс го крштева овој човек.
Мухамед сега е Мартин. Премина во христијанската вера.
Зонуби, столар од иранскиот град Шираз, пред пет месеци пристигна во Германија заедно со жената и двете деца. Тој е еден од стотината Иранци и Авганистанци кои ја смениле верата во евангелистичката црква на Светото Тројство.
Менувањето на верата не допринесува кон барањето азил во Германија, а канцеларката Ангела Меркел претходно неделава даде кратка изјава дека луѓето со исламска вероисповед се добредојдени во Германија. Но, во Авганистан и Ирак, преминувањето од ислам во христијанство е казниво дело и најчесто се манифестира преку смртна казна или затвор.
Зонуби е еден од малкумината кои јавно го кажале своето име, не стравувајќи за последиците кои би можеле да ги дочекаат неговите роднини во Ирак.
Уште еден човек, Весам Хејдари, има аплицирано за азил во Норвешка и ја смени верата во 2009 година. Но, неговиот случај бил одбиен, бидејќи норвешките власти не му поверуваа дека би бил прогонуван како христијанин во Иран, па затоа се преселил во Германија за да си ја побара среќата. Сѐ уште чека одговор. Тој посочи дека животот на христијаните е потежок во исламските земји.
Пасторот Мартенс не само што им помага на муслиманите да си ја сменат верата без да им задава дополнителни задачи при тој процес, туку им помага и со барањето на азил.
Германија се соочува со неверојатно голем број на барања за азил, а бројката на бегалци надминува над 800.000 луѓе.
Голем дел од бегалците се од Сирија, Ирак, Авганистан или Пакистан. И додека бегалците од Сирија – која е зафатена со граѓанска војна, имаат најголеми шанси да добијат одобрение за престој во оваа земја, ситуацијата е покомплицирана за барателите на азил од Иран или Авганистан бидејќи се сметаат за постабилни земји. Во последните години, на околу 40-50 отсто од бегалците од овие две земји им беше дозволено да останат во Германија. Но, на поголемиот дел од нив им се дадени само дозволи за привремен престој.
Германската Федерална канцеларија за миграција и бегалци, не ги коментираше причините поради кои поедини апликанти добиваат дозвола за престој, ниту пак колку од нив добиваат дозвола за престој во оваа земја поради верски прогон.
Зонуби, кој во неделата ја смени верата, изјави дека тајно одел на литургии во Иран откако пријателите го запознале со Библијата и нејзините начела кога имал 18 години. Тој одлучил да замине за Германија, откако неколку негови пријатели со христијанска исповед биле уапсени поради нивната религија.
„Сега сме слободни да бидеме тоа што отсекогаш сме го сакале. И што е најважно, среќен сум што нашите деца ќе имаат подобра иднина овде и ќе имаат квалитетно образование.“ – рекол тој.
bigstory.ap.org„Дали го напушташ исламот?“ – е наредното прашање.
„Да.“ – одговара Зонуби. Ширејќи ги рацете додека му

loading...
Loading...