Берлускони 18 години соработувал со мафијата

На поранешниот италијански премиер на суд му се докажаа врските со сицилијанската мафија, по апсењето на неговиот посредник со Коза Ностра.Силвио Берлускони (77), готово две децении соработувал со италијанската мафија. Тоа е заклучок на италијанскиот Врховен суд во Рим, веднаш по осудувањето на неговиот посредник и поранешен сенатор Марчело Дел Утри.
Берлускони секогаш ги негирал гласините дека зад неговите големи и нетранспарентни инвестиции за покренување на градежни и медиумски фирми стои мафијата.
Меѓутоа, Врховниот суд на Италија ги прифати аргументите на обвинителот Аурелио Галас дека „18 години, помеѓу 1974 и 1992 година, Дел Утри бил гаранција во договарањата помеѓу Коза Ностра и Берлускони“.
Берлускони вербално ги нападна судиите и рече дека се пристрасни.
„Таа пресуда е нешто што левицата се обидува да ми го подметне уште од 1994 година“, изјави Берлускони за агенцијата АНСА.
Сепак, на Берлускони нема да му се суди за поврзаноста со мафијата, бидејќи случајот се смета за застарен (ова правило важи за случаите кои се однесуваат на односи со мафијата и застарува по 20 години), пренесуваат медиумите.Силвио Берлускони (77), готово две децении соработувал со италијанската мафија. Тоа е заклучок на италијанскиот Врховен суд во Рим, веднаш по осуду

Пронајдете не на следниве мрежи: