Италијанскиот суд одлучи дека поранешниот премиер Силвио Берлускони ќе мора да отслужи казна со траење од една година поради затајување на данок и тоа преку општествено корисна работа.Берлускони ќе мора барем еднаш неделно да посети дом за стари и изнамоштени лица. Притоа, забранети му се било какви патувања, стои во соопштението од судот. Судот наведе дека 77-годишниот политичар нема да може да патува надвор од Ломбардија, освен во Рим од вторник до четврток.
Не е сосема јасно дали Берлускони ќе може да ја води кампањата за својата партија воочи изборите за Европскиот парламент наредниот месец.
Адвокатите на Берлускони изјавија дека одлуката на судот е задоволителна, земајќи ја во обѕир потребата за неговите политички активности.
Инаку, Берлускони беше осуден на четиригодишна затворска казна, која беше претворена во едногодишна.Берлускони ќе мора барем еднаш неделно да посети дом за стари и изнамоштени лица. Притоа, забранети му се било какви патувања, стои во соопштението