Берлускони: Милан ќе биде на врвот во Серија „А“ оваа сезона

Претседателот на екипата на Милан, Силвио Берлускони, вели дека неговиот тим ќе котира високо во Серија „А“ оваа сезона, односно, овој тим го очекуваат низа на успеси во домашниот шампионат.
„За Скудетото ќе се бориме ние, Јувентус и Наполи, ние сме трети моментално и ќе можеме да се качуваме нагоре на табелата, сакам да ги освоиме и двете, и Лигата на Шампионите и Серија „А“, воопшто нема да се задоволам со трето место на табелата во домашниот шампионат“ изјави Берлускони кој додаде дека е презадоволен од досегашниот учинок на „новајлијата“ во тимот, Марио Балотели.
Милан по 25-тото коло во Италијанската Серија „А“ со освоени 44 бодови се наоѓа на третото место на табелата, прва е екипата на Јувентус со освоени 55 бодови, додека пак веднаш зад „Старата Дама“ се наоѓа Наполи со 51 бод.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Претседателот на екипата на Милан, Силвио Берлускони, вели дека неговиот тим ќе котира високо во Серија „А&ldquo

Пронајдете не на следниве мрежи: