Берлускони одбра затвор наместо општествено корисна работа

Познатиот поранешен италијански премиер Силвио Берлускони е убеден дека ќе биде ослободен од Врховниот суд откако беше осуден за делото за финансиски махинации во медиумската група Mediaset. 
 
 
 Берлускони е решен по соопштвање на пресудата да оди во затвор наместо да извршува било каква општествена работа. 
„Нема да заминам во егзил. Нема да прифатам работа во општ интерес како да сум криминалец кој треба да биде рехабилитиран”, вели Берлускони.
Врховниот суд треба да ја разгледа неговата жалба на пресудата со којашто поради финансиските малверзации во рамките на истоимената афера Mediaset, е осуден на четири години затвор и му е забрането да извршува јавни функции во следните пет години.
Така поранешниот италијански премиер и мултимилијардер ја отфрла можноста којашто им се нуди на постарите лица казната да ја издржуваат во домашен притвор со вршење општествено корисна работа.
„Имам речиси 78 години и право да ја издржувам казната во домашен притвор, но доколку пресудата биде потврдена и тие ја преземат таа одговорност, сакам да одам во затвор”, вели Берлускони кој очигледно е тешко емотивно погоден од судските процеси против него.
„Не спијам веќе цел месец. Се будам ноќе, гледам во таванот и се прашувам што ми сторија”, вели Берлускони .
Берлускони за овие процеси и пресудите ги обвинува левичарските судии коишто, како вели, против него спроведуваат одмазда. Во разговорот за весникот, сепак, вели дека има доза оптимизам кај него и оти верува дека на кројот нема да биде прогласен за виновен, но не ја коментира забраната за вршење на јавните функции што би претставувало и крај на неговата политичка кариера, имајќи ја предвид неговата возраст.
Берлускони е обвинет за преку 50 случаи. Берлускони е решен по соопштвање на пресудата да оди во затвор наместо да извршува било каква општествена работа. 
„Нема да зами

Пронајдете не на следниве мрежи: