Бернанке ги охрабри европските берзи

Европските акции се стабилизираа во средата по остриот пад во претходниот ден, со оглед дека инвеститорите се насочија кон говорот на претседателот на американската централна банка Берн Бернанке во Конгресот, каде ги бранеше актуелните мерки за поддршка за економијата.Лондонски FTSЕ порасна за 0,04 отсто, на 6.272 поени, франкфуртскиот DAX се зголеми за  0,02 отсто, на 7.598 поени, а париски CAC беше во плус од 0,62 отсто и изнесуваше 3.644 индексни поени.Претседателот на Фед Бернанке решително во вторникот во Конгресот ја бранеше програмата за поттик на економијата, што го намали стравувањето на инвеститорите дека банката би можела да ја укине програмата за купување на обврзници порано од очекуваното. Настапот на Бернанке им даде поддршка на берзите ширум светот.Инвеститорите денеска будно ја следеа и италијанската аукција на обврзници, на која приносите на 10-годишните обврзници се искачија за повеќе од половина постотен поен, обновувајќи ги стравувањата за иднината на еврозоната.„Во основа може да се каже дека Италија во наредните два до три месеца ќе биде без влада, што ги поттикна инвеститорите на внимателност и воздржаност од ризик“, заклучи Мајкл Хјусон од CMC Markets.Меѓу одделните добитниците денеска се издвои францускиот градежен и медицински конгломерат Bouvgues, чија акција доби на вредноста 8,3 отсто, откако извести за три-отстотен раст на годишните приходи, потврдувајќи ја најавената дивиденда.Акцијата на EADS скокна за 6,4 отсто, откако за ова година прогнозираше поголема добивка темелена на неочекувано добриот резултат во 2012 година и намалување на трошоците.
МакфаксЕвропските акции се стабилизираа во средата по остриот пад во претходниот ден, со оглед дека инвеститорите се насочија

Пронајдете не на следниве мрежи: