БЕСА до Рама: Договорот не беше предложен од страна на ДУИ, се беше започнато од страна на Владата на Албанија

Договорот за обединување на албанските партии во Македонија не е напишан од страна на ДУИ на Али Ахмети. Ова беше суштината на официјалното писмо кое неодамна беше испратено од Движењето Беса упатено до премиерот на Албанија, Еди Рама, пренесуваат медиумите на албански јазик.Функционерите на БЕСА исто така најавија дека без посредство од страна на албанска влада нема да прифатат да седнат да преговораат со ДУИ . Од друга страна, пак, СДСМ на Зоран Заев испратила писмен документ до Демократската унија за интеграција, во кој предложила договор за формирање на владина коалиција, пишуваат албанските медиуми
БЕСА во писмото бара објаснување во врска со една изјава на ДУИ, според која договорот за да ги собере албанските партии под една платформа беше предложен од страна на претставници на Демократската унија интеграција.
-Движењето Беса го отфрли ова тврдење и наведува дека се беше почнато од страна на Владата на Албанија, додавајќи дека поради оваа акција нема да прифати веќе да седне и да разговора со ДУИ, но додава дека може да направаат исклучок само во случај ако средбата биде посредувана од страна на премиерот Рама, пишуваат албанските медиуми.
Во меѓувреме, во тек се преговорите за формирање на нов владин кабинет. Официјални извори за албанските медиуми информирааат дека СДСМ поднесе и писмен документ на ДУИ, понудата на Зоран Заев за албанската партија. Сеуште не се знае точно кои точки по ред се наведени во овој документ, но ќе мора да се чека за тие да се обелоденат и да се види дали понудата ќе биде прифатена или не од Демократската унија за интеграција.
-Во време кога албанските партии треба да го искористат овој одлучувачки момент за иднината на земјата, изгледа тие се насочени кон длабоки поделби. Нешто вакво беше потврдено и од изјавата на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој рече дека ДПА, Беса и Алијансата за Албанците треба да се соединат против ДУИ, бидејќи ДУИ не е конструктивна во преговорите, пишуваат албанските медиуми.Функционерите на БЕСА исто така најавија дека без посредство од страна на албанска влада нема да прифатат да седнат да преговораат со ДУИ . Од друг

Пронајдете не на следниве мрежи: