БЕСА и Алијанса обвинуваат: Оливер Спасовски вршел притисок за советници во Гостивар да сменат страна

Советниците од коалицијата Алијанса за Албанците и Движењето БЕСА обвинуваат дека го изгубиле мнозинството во Советот на oпштина Гостивар затоа што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ургирал советници да ја променат страната.Со тоа градоначалникот Арбен Таравари, не би ја имал поддршката од Советот, затоа што мнозинството би било предводено од советниците на ДУИ.
-Чувствуваме морална обврска да ве информираме дека до вчера имавме обезбедено мнозинство од над 16 советници за конституирање на Советот на Општина Гостивар, па затоа за денес инициравме одржување на конститутивна седница. Но, вчера во доцните часови, во Гостивар престојувал министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски и злоупотребувајќи ја неговата функција, успеал преку закани и уцени да ги натера општинските советници од помалите партии да преминат на страната на губитниците на изборите, велат од двете партии.
Од тие причини, додаваат, ја напуштиле седницата.
-Ние советниците од редовите на Алијансата за Албанците и Движењето БЕСА, оценивме дека е неразумно да бидеме дел од крајно манипулираната конститутивна седница, па затоа ја напуштивме истата, информираат од БЕСА и од партијата на Зијадин Села.Со тоа градоначалникот Арбен Таравари, не би ја имал поддршката од Советот, затоа што мнозинството би било предводено од советниците на ДУИ.

Пронајдете не на следниве мрежи: