Беса ќе биде клучна за избор на кадрите на СДСМ и ДУИ во битни институции

Движењето Беса, иако има само еден член, ќе стане клучен играч во собраниската Kомисија за избори и именувања, едно од најважните работни тела кога станува збор за избор на функционери во значајни институции, органи и тела што ги гласа Собранието. Преку филтерот на Kомисијата за избори и именувања и парламентот се избираат членовите на ДИK, антикорупциската комисија, Kомисијата за недискриминација, Судскиот и Советот на обвинители, регулаторни тела како тоа за енергетика, пишува Маринела Трајковска во анализа објавена во „Дневник“.Беса ќе го има решавачкиот глас при изборот на функционерите во зависност од тоа дали ќе реши да го поддржи мнозинството, особено откако првично ја поддржа власта, за сега избра да биде опозициска партија.
Соодносот на членовите во Kомисијата за избори и именувања, која вчера конечно беше избрана во Собранието е шест члена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои претседател и заменик-претседател, пет члена на владејачката СДСМ, и по еден член на ДУИ и на Беса. Во случај Беса да станеше дел од владејачкото мнозинство и мнозинството во Kомисијата ќе беше кај власта. Сега за да поминат предлозите на СДСМ и ДУИ во сите битни институции, органи, тела, јавни претпријатија, како и членови на управни и надзорни одбори ќе би потребен и гласот на Беса, пишува во текстот.
Беса може да не даде виза за некои кадри или поверојатно е ваквата ситуација може да ја користи за пазарење и условување на мнозинството, за да протурка свои кадри.
Од партијата на Kасами за „Дневник“ потврдуваат дека остануваат на своите принципи, меѓу кои и инкриминирани лица во истрагите на Специјалното јавно обвинителство да не бидат дел од ниту еден ешалон на власта.
– Не отстапуваме од нашите принципи. Секако дека нашиот член на Kомисијата за избори и именувања внимателно и детаљно ќе ги разгледува предлозите за членови на институциите и органите, пред да ги гласа. Ќе останеме доследни на ставот дека нема да дозволиме корумпирани кадри да бидат дел од која било институција – велат од Беса за „Дневник“.
Од мнозинството, пак, велат дека очекуваат Беса да условува со свои кадри.
Беса одби да стане дел од владата предводена од Зоран Заев и Билал Kасами не се договорија принципите на Беса да станат дел од владината програма. Беса жестоко го нападна владиниот кабинет, особено некои од министрите од ДУИ дека се корумпирани и осомничени за криминал. Очекувањата се дека Беса и во Kомисијата за избори и именувања главно ќе ги разгледува предлозите кои ќе доаѓаат од партијата на Али Ахмети, а помалку ќе ја интересираат кадрите на СДС.
Собранието вчера ја избра Kомисијата за избори и именувања. За претседател на комисијата е избран Илија Димовски, за негов заменик Зоран Илиоски, а за членови Антонио Милошоски, Kрсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стевананџија, Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ. Од коалицијата предводена од социјалдемократите членови се Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири, Ивана Туфегџиќ, од ДУИ е Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од Беса.
Kомисијата е надлежна и за предлагање состав на постојаните делегации на Собранието во меѓународните парламентарни собранија и на пратеничките групи на Собранието за соработка со други парламенти. Kомисијата предлага членови на управни органи и други тела во јавните претпријатија, организациите и институциите кои ги избира, односно именува Собранието.Беса ќе го има решавачкиот глас при изборот на функционерите во зависност од тоа дали ќе реши да го поддржи мнозинството, особено откако првично ја

Пронајдете не на следниве мрежи: