Блиските контакти со ДУИ, според анализите на Беса, би им донеле повеќе штета од корист и затоа донеле одлука да прекинат со средби со челници од партијата на Али АхметиИако партиите на Албанците однадвор се обидуваат да покажат сплотеност, односите им се длабоко нарушени. Преговорите за влада и платформата на Еди Рама ги раскараа ДУИ, Беса и „Алијансата за Албанците“.
При промовирањето на заедничката платформа, трите партии најавуваа дека тоа е главен услов за да ги дадат потписите за влада, но сега состојбата се промени. Еден по еден нивните услови омекнуваат, па од неопходни уставни измени и официјализирање на албанскиот јазик како официјален, сега говорат за барања што нема да излезат од рамките на Уставот.
Во саботата лидерот на Движењето за реформи – ДПА, Зијадин Села, рече дека е договорено да се формира тело кое ќе треба да подготви предлог-закон за употреба на албанскиот јазик. Во рок од три дена требаше партиите да назначат по двајца претставници кои требаше да работат на првичната верзија.
Но од тоа нема да има ништо бидејќи Беса не сака да седи на иста маса со ДУИ. Оттаму велат дека ДУИ се обидува да си го присвои значењето на платформата и дека нема да прифаќаат состаноци на кои присуствува Али Ахмети.
– Тие што беа главни виновници што на Беса ѝ се одзедоа два пратеника и се дадоа на ВМРО немаат веќе легитимитет да ги застапуваат Албанците ниту се достојни да свикаат средба на албанските политички партии во Македонија. Нивниот лидер може да биде поглавар на некоја партија или алијанса, но за нас тој е главниот виновник за актуелната состојба на Албанците во Македонија – велат од Беса.
Во политичките кругови се коментира дека Беса одбива средби со ДУИ бидејќи се осоколени од добриот резултат на парламентарните избори на кои освоија пет пратеници, што е одличен резултат за новоформирана партија. Дополнително, партијата се надева на уште подобар резултат на локалните избори на сметка на ДУИ и освојување на најважните општини за нив – Тетово, Гостивар и Чаир.
Блиските контакти со ДУИ, според анализите на Беса, би им донеле повеќе штета од корист и затоа донеле одлука да прекинат со средби со челници од партијата на Али Ахмети.Иако партиите на Албанците однадвор се обидуваат да покажат сплотеност, односите им се длабоко нарушени. Преговорите за влада и платформата на Еди