БЕСЧУВСТВИТЕЛНИ ПЕДАГОЗИ: На слепо дете му го одземале стапот и му дале бескорисна играчка затоа што…

Возачот на еден училишен автобус од Канзас, одлучил да казни слепо дете (8) поради наводното проблематично однесување, така што му го одземал стапот и во замена му дал играчка за базен.Родителите на детето, Рејчел и Доналд Нафзингер, сметаат дека нивниот син Дакота останал понижен откако во замена за стапот за слепи, му била дадена еластична и мека играчка.
„Зошто го сторија тоа? Зошто би му ја одземале единствената работа која мора да ја употребува цело време? Тоа се неговите очи“, заплакала несреќната мајка.
Одговорот ѝ го дал гласноговорникот на основното училиште, во кое оди Дакота.
„Тој стап е во сопственост на училиштето и детето го доби кога дојде во школо. Му беше одземен кога во понеделникот за време на возењето удри друг ученик со него“, изјавила Мишел Кронк, додавајќи дека возачот на автобусот на детето му дал играчка во замена за стапот зашто се вознемирува ако не држи нешто во рацете.
На несреќното дете, кое страда од пореметување и е родено без очи, му било кажано дека мора да ја употребува играчката во наредните две недели. Во врска со случката, тој изјави дека таа играчка не му била од никаква корист, бидејќи со неа му било отежнато движењето.
Неговиот татко Доналд го доведе во прашање тврдењето дека Дакота намерно удрил некого во автобус, бидејќи детето често го држи стапот во воздух, па можеби и затоа возачот помислил дека е агресивен.
Преку интерна истрага беше докажано дека дошло до грешка и претставниците на училиштето упатиле извинување до детето и неговото семејство.
Родителите на детето, Рејчел и Доналд Нафзингер, сметаат дека нивниот син Дакота останал понижен откако во замена за стапот за слепи, му била даден

Пронајдете не на следниве мрежи: