Беше љубовта на мојот живот, а тогаш се случи најголемото РАЗОЧАРУВАЊЕ!

„Се сеќавате на книгата Алхемичарот и потрагата по среќата? Е мене тоа ми се случи…“, ја започнува својата приказна една девојка…„Но, без среќен крај. Имав добар живот. Завршував факултет, имав дечко кој ме обожаваше. Но, како и секоја девојка секогаш одев со лоши момци. А го имав оноа која секоја девојка го сонува. Само тоа никогаш не го ценев. Дечко од бајките. Бев мала. Незрела. А тој образован дечко, полн со манири. Подготвен да се ожени. Знаев каде би се венчале. Го знаев и начинот на кој ќе ме запроси. Ме чуваше како капка на дланка.
По две години, одлучив да заминам од земјата и да оставм се зад себе. И него. Без каење си заминав со надеж дека ќе најдам среќа и исполнетост. Поминаа неколку години. Мислев дека сум исполнета и дека го пронајдов она што ми недостасуваше.

 
Меѓутоа судбината имаше некои други планови. Преку ноќ цело минато ми се врати. Не знам како. Сфатив дека само покрај него, мојот бивш дечко, бев среќна и никој не може да го заземе неговото место. Ја раскинав врската која ја имав. И одлучив да се борам за оној кој го сакав. Се испланирав. Исто како што тој го правеше некогаш за мене. Му пратив порака. Дури и ја најдов неговата омилена цвеќарница. Сепак малку чекав. Таа ноќ не можев да спијам. Нешто не ми даваше мир. Случајно пронајдов слика од него. На венчавка. Негова венчавка. Срцето ми препукна. Тоа беше тоа. Крајот на мојата неуспешна љубов.
Никогаш не ја чекајте ниту пак бракате среќата. Таа е околу нас. Само отворете ги очите. Животот е прекраток за вакви грешки.“„Но, без среќен крај. Имав добар живот. Завршував факултет, имав дечко кој ме обожаваше. Но, како и секоја девојка секогаш одев со лоши момци

Пронајдете не на следниве мрежи: