Бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје до намалување на загаденоста на воздухот

Градот Скопје од утре воведува бесплатен јавен превоз во сите автобуси на ЈСП Скопје и кај приватните превозници за сите граѓани на територија на Скопје се до моментот на намалување на аерозагадувањето, соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот Коце Трајановски.Превозот ќе биде бесплатен се додека нивото на аерозагадувањето не се намали до дозволеното ниво.
Град Скопје заедно со општините ќе ја интензивира контролата на градилиштата и  ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжи со интензивно миење на градските улици и булевари.
Овие мерките и препораките кои ги донесе Трајановски се во согласност со Законот за намалување на амбиенталниот воздух и во насока на намалување на загадувањето на воздухот, а се во согласност со ингеренциите што ги има како градоначалник на Град Скопје.Трајановски апелира до вработените во Град Скопје да доаѓаат на работа со автобус, и додаде оти службените возила ќе ги користат исклучиво градскиот инспекторат.
– Доколку дозволат временските услови Град Скопје ќе продолжи да ги прска градските улици со средството калциум магнезиум ацетат, рече Трајановски и додаде дека за тоа имаат доволен број возила и средства.
Според него, согласно постојните закони не може да се воведе мерката пар-непар. Трајановски апелираше до министерствата да се измени Законот, со што ќе се овозможи воведување на оваа мерка во Град Скопје Превозот ќе биде бесплатен се додека нивото на аерозагадувањето не се намали до дозволеното ниво.
Град Скопје заедно со општините ќе ја инт

Пронајдете не на следниве мрежи: