УМС на ВМРО-ДПМНЕ денеска промовираше уште еден од низата успешно спроведени проекти од страна на Владата на Р.Македонија, иницирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за проектот „Ласерска корекција на диоптрија“ наменет за студенти од 18 до 26 година кои ќе добијат финансиска поддршка за отстранување на проблемите со видот.Проектот ќе започне да се спроведува од 2017 година, а основни услови кои треба да ги поседуваат студентите кои ќе аплицираат за ласерска корекција на диоптрија се лицето да е на возраст од 18 до 26 години , диоптријата да изнесува 2 и над 2, плус и минус вклучувајќи и астигматизам. Студентите кога ќе аплицираат диоптерот кој што го имаат треба да биде непроменет во изминатите 12 месеци и очите да немаат никакво друго заболување дијагностицирано од страна на Клиниката за офтамологија.
Социјалните услови кои се потребни да се исполнат за да се аплицира за овој проект се следните: Лицето треба да е студент на возраст од 18 до 26 години и да потекнува од категорија на семејства чии годишни приходи не изнесувале повеќе од 115 .080 денари.
– Иницијалните очекувања за кои се отвори овој проект беа дека доколку се овозможат услови за финансиска поддршка од страна на ФЗОМ, нема да има потреба да се исплатат дотогашните 1200 евра колку што е од прилика интервенција за корекција на видот, далекувидост, кратковидост и астигматизам како и да се елиминира потребата од дополнителни механички помагала, очилата и леќите. Се земаа одредени демографски карактеристики во истражувањето како и психо-социјални ставови во однос на преференцијата за избор на конвенционални помагања . И така се дојде до заклучок дека на популацијата од млади која е на возраст од 18 до 26 години, има потреба да им се олесни финансискиот пристап во изведување на оваа сложена, но прецизна хируршка интервенција која еднаш спроведена го решава доживотно проблемот со видот, велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Од УМС велат дека со овој проект на многу млади луѓе ќе им се помогне да ја изберат професијата која поради здравствени причини не можеле да ја изберат.
-Откако ќе ги извршат потребните интервенции студентите ќе можат да повеќе за се насочуваат кон професии кои бараат прецизност, точност ефикасност. Наодите до кои дојдовме во спроведеното истражување покажаа дека одредени психо-социјални карактеристики на граѓаните упатуваат на фактот дека постои потреба кај младите за подложување на оваа интервенција, а и постојат занимања на пазарот на труд за кои пројавуваат младите особен интерес, но заради проблеми со видот не можеле да ги изберат за понатамошно студирање, информираа од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Проектот ќе започне да се спроведува од 2017 година, а основни услови кои треба да ги поседуваат студентите кои ќе аплицираат за ласерска корекција