четврток, 12 ноември 2026
Најново

Бесплатна марихуана за сиромашните граѓани!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Жителите на градот Беркелеј во САД, кои имаат примања помалку од 32.000 долари годишно, а имаат лекарско одобрување за земање на марихуана во медицински цели, од идното лесто ќе добиваат марихуана бесплатно. Според новиот закон, кој едногласно е изгласан на Градскиот совет, болниците мораат да издвојат 2 посто од своите залихи за медицинска марихуана за распределба на сиромашните граѓани.
Законот веднаш наишол на многу противници.
„Тоа е без врска, зошто градот би го спонзорирал „пушењето“ на сиромашните жители, тоа само ќе придонесе кон беда и летаргија“-изјавил еден од тамошните бискупи, Рон Аллен.
Сепак, има такви кои јавно ја подржуваат оваа иницијатива: 
„Постојат неколку случаи на сиромашни пациенти на кои овој лек навистина им е потребен, но за нивните приходи е доста скап и ова е единствениот начин да им се осигура медицинската употреба на марихуана“, рекол градоначалникот на Беркелеј, Том Бејтис за „The New York Times“.Според новиот закон, кој едногласно е изгласан на Градскиот совет, болниците мораат да издвојат 2 посто од своите залихи за медицинска марихуа

Поврзани вести