Пред еден околу месец беше најавена мерката за младите лица, односно обуки за општи вештини по странски јазици и компјутери за 2000 млади лица до 29 години. Од денеска започнува да се реализираа оваа мерка и Агенцијата за вработување на Р. Македонија веќе го објави огласот. 2000 млади луѓе до 29 години ќе добијат бесплатни обуки за компјутери и странски јазици, 1000 за компјутерски вештини и 1000 за странски јазици.Заменик министерот за труд и социјалана политика Диме Спасов ги повика сите млади лица да ја искористат оваа можност и да се пријават на огласот, бидејќи како што рече работодавачите ги бараат токму овие вештини.
– Владата на Р. Македонија изминатиов период вложува големо внимание во реализација на мерки и проекти за вработување на младите лица во Р. Македонија. Голем број од мерките кои што се дел од оперативниот план имаат посебно утврдена квота за учество на млади лица до 29 години. Од година во година го заголемуваме процентот на учество на млади лица во сите мерки за вработување при што за оваа година планираме да го достигнеме нивото над 30% учество на младите лица во сите мерки за вработување, истакна Спасов.
Додаде дека досега се реализирани повеќе мерки за млади лица кои даваат многу добри резултати.
-Реализираме посебни проекти за младите како што е мерката со ослободување од плаќање на придонеси за една година за приватните компании, кои што ќе ги вработат младите лица до 29 години, мерка која започнавме да ја реализираме од март 2014 година и даде одлични резултати и го иницираше и самиот проект „ Македонија вработува“, рече Спасов.
Обуката за странски јазици ќе биде за англиски, француски и германски јазик и тоа за почетно, средно или напредно ниво во сертифицирани обучувачки центри, а обуката за компјутерски вештини е за микрософт офис.
За реализација на оваа мерка се обезбедени 12.400.000 денари.
Слободанка Алексовска, раководител на Центарот за вработување на град Скопје истакна дека сите млади лица кои сакаат да ги посетуваат овие бесплатни курсеви, а не се евидентирани во АВРМ како активни баратели на работа, најпрвин ќе треба да се пријавата во АВРМ за евидентирање како активни баратели, а потоа ќе може да аплицираат и за бесплатните обуки.Заменик министерот за труд и социјалана политика Диме Спасов ги повика сите млади лица да ја искористат оваа можност и да се пријават на огласот, б