Утре, 4.11.2016 година (петок), од 12:00 до 16:00 часот во просториите на Стопанската комора на Македонија ќе се одржи предавање на тема „Имотно осигурување – потреба и ризици“.Учесниците на семинарот ќе се запознаат со основните карактеристики на осигурувањето, поделбата и функциите, како и со тоа кој сè може да биде субјект на осигурувањето и кои се елементи на осигурување.
На семинарот ќе биде презентирано осигурувањето како облик на управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финансиските губитоци, како и тоа кои се правата на осигурениците.
Здружението за осигурување при Стопанската комора одлучи да ја организира презентацијата по неодамнешната серија земјотреси во Скопје.
Предавањето ќе биде отворено за јавноста, така што сите заинтересирани граѓани и претставници на компании ќе можат да го проследат бесплатно.Учесниците на семинарот ќе се запознаат со основните карактеристики на осигурувањето, поделбата и функциите, како и со тоа кој сè може да би