СДСМ по којзнае кој пат ја потценува интелигенцијата на граѓаните со апсурдни и лажни тврдења за кои вистината многу лесно излегува на виделина.Партискиот портпарол и носител на листата на опозициската коалиција во шестата ИЕ, Петре Шилегов денеска на прес-конференција во Јегуновце обвини дека ВМРО ДПМНЕ отуштило 720 работници од Југохром.
-Пред неполн еден месец 720 луѓе ги загубија своите работни места. Државата наместо да помогне, ја внесе фирмата во административните лавиринти за поставување на филтри и луѓето останаа на улица, рече Шилегов.
СДСМ повторно ја потценува интелеганцијата на граѓаните на Репувлика Македонија, бидејќи тие паметат дека на почетокот на декември на повикот на невладината организација ЕКО ГЕРИЛА, СДСМ потпиша договор со кој се обврза дека ќе го затворат Југохром!
-Трајно решение на проблемот со дивата депонија, работење на комбинатот „Југохром“ по сите еколошки стандарди и уредување на просторот на тетовската касарна во градски парк се трите точки, кои повеќе политички партии се обврзаа дека ќе ги исполнат во идниот парламентарен состав, како дел од договорот кој денеска го потпишаа со еколошкото здружение „Еко герила“, објавија медиумите пред само неколку дена.
Аријанит Џафери од здружението „Еко герила“ изјави дека на поканата за потпишување на документот, кој се однесува на унапредување и на заштитата на животната средина, не се одзвале владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Ова значи дека Шилегов безочно ги лаже македонските граѓани во битката за некој глас повеќе на само неколку дена пред изборите. СДСМ потпиша договор со кој се обврзаа дека на првата владина седница ќе донесе одлука дека нема да се отвора Југохром и со тоа ќе ги остави на улица сите вработени во фабриката, а сега Шилегов срамно ја лаже јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ отпуштило 720 работници од „Југохром“.
За разлика од лажните тврдења на Шилегов, вистината е дека вработените во „Југохром“ ќе добијат плата и за декември.
-Постигнавме согласност сите да останат вработени и во декември. Кон крајот на месецот ќе разговараме повторно со синдикатот да видиме што понатаму, изјави пред неколку дена директорот Васко Скендеровски.Партискиот портпарол и носител на листата на опозициската коалиција во шестата ИЕ, Петре Шилегов денеска на прес-конференција во Јегуновце обвини д