Бев опседната со мојот професор!

Обичната тинејџерска вљубеност, стана возрасна опсесија за Џејми, која сега има 30 години. Таа се вљубила во професор од средно, и ништо не ја спречило да го заведе.Нил беше најзгодниот професор во моето средно училиште. Предаваше физичко и информатика.  Јас бев 17 годишна девица со луди сексуални фантазии за него.
Нил изгледаше како Ричард Гир. Беше женет со доста помлада жена, и тоа беше дополнителен доказ дека сака помлади жени. Секогаш му се умилкував на часовите, се појавував порано и последна си заминував. Знаев дека сум му симпатична.
Секогаш се појавував каде и да е тој. Му одев на сите предавања, го пресретнував низ ходниците. Дури го имав и неговиот телефонски број, и откако матурирав му се јавив да го прашам како е. Но тој беше резервиран и незаинтересиран.
Се запишав на факултет, ја изгубив невиноста, но тој ми беше уште во мислите. Секако продолжив да му се јавувам, и по долгите разговори што ги водевме, забележав дека почна да ме третира како возрасна. За зимскиот распуст се вратив дома, и тој ме покани да гледаме заедно хокеј натпревар. Тогаш имав 19 години, а тој беше скаран со жена му. Иако беше уште во брак, тој го направи првиот чекор. Почнавме да се бакнуваме и имавме секс.

Наскоро, почнавме често да се среќаваме и секогаш имавме секс.бев луда по него. Тој се разведе од жена му и му годеше моето друштво. Луѓето почнаа да зборуваат, но мене не ми беше гајле. Го правев тоа што го сакав.
Ние почнавме да живееме заедно. Нашата врска стана вистинска… Но по некое време годините си го сторија своето. Јас бев многу млада и почнав да го откривам светот. Тој веќе беше изживеан и се му беше досадно. Често се расправавме. И затоа, морав да ја прекинам врската.
Сфатив дека разликата во години е преголема пречка, но не се каам за времето поминато со него. Тоа беше вистина голема љубов!Нил беше најзгодниот професор во моето средно училиште. Предаваше физичко и информатика.  Јас бев 17 годишна девица со луди сексуални фантазии

Пронајдете не на следниве мрежи: