Бев со Раста додека Ана го чуваше бебето!

Пејачката Љупка Стевиќ е означена како главен виновник за разводот на поп ѕвездата Ана Николиќ и раперот Стефан Ѓуриќ Раста.Наводно, меѓу пејачката и раперот искри светнале уште минатото лето кога заедно настапувале во Црна Гора, за страстите зовреле на снимањето на спотот за дуетот „Чао, чао“:
Љупка одлучи да ја раскаже својата страна од приказната и да открие во каков однос е со Раста.
-Стефан многу ми се допаѓа, но исклучиво како личност и соработник. Раста е прекрасно момче и многу талентиран. Ние двајцата убаво соработувавме и можа да ви кажам само за нашата соработка на песната „Чао, чао“. Тој дури и отсвири некои делови од песната, што излезе феноменално, вели Љупка и признава дека ваков вид на маркетинг не и е потребен.
-Јас не сум некој кој кариерата ја гради на скандали. Нивниот живот е само нивна работа. Да бида искрена, не би се мешала во туѓите животи, а понекогаш не сакам да се мешам ниту во сопствениот, вели Љупка и открива дека Ана во ниту еден момент не правела проблем кога дознала дека Љупка ќе соработува со нејзиниот маж.
-Анчи не се мешаше во нашиот деловен однос, таа по породувањето исклучиво се занимава со бебето. Колку што ми е познато, и таа полека размислува за нови проекти. Раста и јас само направивме две песни и воодушевени сме како тоа излезе. Едвај чекам нумерите да им ги претставиме на публиката, вели пејачката која не крие дека во последно време ништо не и оди од рака, што е посебно изненадувачки.
-Да бидам искрена, не сум исполнета приватно, а ни деловно. Мислам дека владее лоша организација на сите луѓе кога е мојата работа во прашање. Конкретно, сметам дека за тоа се виновни ѕвездите, веројатно поради ретроградниот Меркур, тој секогаш емотивно ме упропастува и ништо не ми одговара, вели Љупка и открива од каде и е тоа незадоволство.
-Незадоволна сум од целата ситуација, но кога сум лошо расположена тоа се одразува на блиската иднина, па секогаш се случуваат некои убави работи. Од таа причина максимално верувам дека мојот дует со Раста ќе донесе поубав период, вели пејачката.Наводно, меѓу пејачката и раперот искри светнале уште минатото лето кога заедно настапувале во Црна Гора, за страстите зовреле на снимањето на спот

Пронајдете не на следниве мрежи: