Нејтан се буди на место каде нема место, во простор каде што не постои простор. Полека сфаќа дека повеќе не се наоѓа на овој свет, но по првобитниот шок сфаќа дека конечно дошол моментот кога може да ги дознае одговорите на сите прашања за својот живот.„Разговорот со Господ“ станува интересен, бидејќи Нејтан повторно доживува одредени ситуации од животот. Неговото „патување“ започнува со прашањето кој му го украл велосипедот во детството.
Го интересира кога бил најхрабар, на колку бранови сурфал, од кого го добил најдобриот совет, колку јајца изел, колку пати се поздравил со некого и колку пати имал секс во животот.
Одговорите се неочекувани.
На пример, тој покажал храброст уште во младите денови.
Интересна и хумористична ретроспектива се случува во моментот кога меѓу бројните сеќавања се појавува нејзиниот лик. На неговата девојка Пејџ.
„Која жена беше создадена за мене?“, прашал тој, а Бог му ја покажал Пејџ. Со доза на сомничавост, поставува уште едно прашање.
„Не, мислев која жена во историјата на човештвото била идеална за мене?“, прашал тој, но Бог повторно му ја покажал Пејџ.
Свесен за пропустот бидејќи со Пејџ одамна раскинале, тој поставува низа прашања кои се однесуваат на нејзиниот живот.
„Дали е мажена? Што прави сега?“, се распрашувал Нејтан, а кога Бог му ги покажал нејзиниот живот и детето, повеќе не сакал да размислува за неа.
Сакајќи да престане да размислува за Пејџ, прашува: „Кога бев најсреќен?“
Одговорот на Бога го потресе.
Погледнете го краткиот и наградуван филм во кој многумина се препознаа и поради кој испуштија и по некоја солза:
„Разговорот со Господ“ станува интересен, бидејќи Нејтан повторно доживува одредени ситуации од животот. Неговото „патување&ldquo