Сакав да го известам мажот дека доаѓам дома порано, но се откажав од тоа. Сакав да му приредам изненадување, баш како што и тој ми приредуваше мене секој ден. Мислев дека не може да живее без мене. Мојот маж и јас сме сродни души. Тоа е од оние љубовни приказни кои се случуваат само еднаш во животот. Тој е единствената личност во која имав апсолутна доверба.
Од работа доаѓав дома секој ден во исто време, но тој ден решив да направам исклучок. Тој беше воодушевен кога ме вида. Ме праша дали сум за кафе, додека го правеше кафето јас отидов горе за да се пресоблечам.
Ја отворив вратата на орманот и од него излезе жена во бела кошула и високи потпетици. Никогаш не сум вреснала така гласно. Ја препознав неговата колешка од работа.
Молчеше посрамотен, не знаеше што да ми каже, па потоа се замеша неговата љубовница која ми призна се.
Во врска се две години, се сакаат и тој со месеци барал начин да ми го соопшти тоа. Мислев дека не може да живее без мене. Мојот маж и јас сме сродни души. Тоа е од оние љубовни приказни кои се случуваат само еднаш во животот. Тој