Татко ми нѐ напушти кога имав четири години, а постариот брат две години повеќе. Живеевме со мајка ми и ништо не ни недостигаше.Тато беше постојано присутен во нашите животи. Како успешен деловен човек, ни овозможи безгрижен живот и добро образование. Повеќе не се женеше, барем ние го мислевме тоа.
Годините минуваа. Често патуваше поради работата. Знаевме дека има некоја жена/девојка, што е и нормално со оглед на парите и моќта. Имаше висок притисок, но и покрај тоа водеше активен стил на живот.
Му советуваа да престане, малку да прикочи, но тој, како вистински Лав во хороскоп, одеше со главата низ ѕид. Ниту ризичната состојба за инфаркт и аритмијата не му беа доволно силни сигнали за да успори. Во февруари почина од срцев удар.
На погребот, мене и брат ми нѐ дочека шок. Во капелата дојде младич со кого бев пред извесно време во врска. Мислев дека дојде да ми изрази сочувство. Беше во друштво на брат му. Ладно се поздравивме. Ме повика да излезам.
Тогаш ми рече дека ми е полубрат и дека го дознал тоа претходниот ден. Се испостави дека татко ми имал уште еден брак и дека водел паралелен живот. Во истиот град имав полубраќа за кои не знаев дека постојат.
Минатото лето кога запознав згоден дечко, не ни претпоставував дека влегувам во инцестоиден однос. Среќа што брзо раскинавме потоа.
Не можам да му простам на татко ми што криеше од нас дека имаме полубраќа.Тато беше постојано присутен во нашите животи. Како успешен деловен човек, ни овозможи безгрижен живот и добро образование. Повеќе не се женеше, ба