БЕЗ МИКСЕР: КОЛАЧ ОД КОКОС

Потребни состојки:
1 чаша јогурт
1 чаша млеко
½ чаша масло
2 чаши шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 чаша кокосово брашно
2 чаши брашно
½ кесичка прашок за печиво
100 г чоколадо за готвење
1 лажица масло
3 лажици млеко
Постапка:
Во чинија за матење изматете јогурт и млеко, додадете шеќер и ванилин шеќер, промешајте со лажица. Потоа додадете масло, брашно, прашок за печиво и кокосово брашно. Добро промешајте.
Добиената содржина прелијте ја во плех (30х15), намастен и обложен со хартија за печење.
Печете околу 30 минути на 180 степени. Направете глазура, растопете го чоколадото со млеко и масло. Прелијте преку изладениот колач. Оставете да излади, сечете коцки и уживајте во вкусот.
Напомена:
Користете чаша од 200 мл. Миксер не ви е потребен, само лажица. Можете прво да го исечете изладениот колач на коцки, па потоа да го прелиете со глазура.Потребни состојки:
1 чаша јогурт
1 чаша млеко
½ чаша масло
2 чаши шеќер
1 кесичка ванилин шеќер

Пронајдете не на следниве мрежи: