Најдобро е да набавите мрежа за комарци, а оние кои ќе влезат можете да ги избркате со електричен апарат против комарци.Спиралите на палење исто така ги растеруваат инсектите, но не се погодни за затворен простор бидејќи го трошат кислородот и треба да бидат вон дофатот на децата.
Кога станува збор за средства за мачкање, не се сите за употреба за децата па затоа треба да се прочита упатството или да се нанесат во многу тенок слој.
Доколку не сте сигурни дали средството е безопасно, не го нанесувајте на кожата на детето, туку нанесете го на марамче кое ќе биде во близина на детето. Ако се случи убод, на тоа место најдобро е да ставите ладна облога, мраз или лимонов сок. Во случај на појака реакција употребете антисептичен лосион или антихистаминска крема.
Одвратете го детето од чешање колку што можете повеќе.
За да бидете мирни од комарците., но и од разните видови инсекти: комарци, пајаци, буба шваби, лебарки, мравки па и глувците, како „лек“ се практикува една позната билка.
Станува збор за нането од чиј мирис бегаат сите досадни инсекти. Доволно е да наберете свежо нане и да го засадите во неколку саксии кои ќе ги распоредите низ домот и од нив ќе бегаат не само инсектите, туку и глувците. Исто така, за да бидете сигурни дека нема да се вратат направете посебна течност.
Станува збор за концентриран чај од нане. Многу исушени листови, а може и свежи ставете ги во врела вода и оставете ги да провријат, исцедете ги и течноста истурете ја во шише со пумпица.
Попрскајте со оваа течност низ домот, посебно околу вратите и прозорците.
Погледнете го видеото:
Спиралите на палење исто така ги растеруваат инсектите, но не се погодни за затворен простор бидејќи го трошат кислородот и треба да бидат вон дофа