Прекрасен освежувачки рецепт за голема торта која сепак ќе ја снема за еден миг. Бидејќи нејзиниот вкус е навистина неверојатен!Потребни состојки:
*600гр мелена плазма
*250гр маргарин
*200гр шеќер во прав
*2дл сок од портокал или лимон
Фил 1:
*јагоди по желба
*250гр маргарин
*2 чаши кисела павлака
*200мл слатка павлака
*12 лажици шеќер во прав
*рендана кора од лимон
Фил 2:
*200мл слатка павлака
Начин на подготовка:
Во сад ставете ја плазмата, маргаринот и шеќерот. Со раце направете смеса, па малку по малку додавајте сок од портокал и месете се додека не добиете изедначена, мазна смеса. Во плех или калап за торта формирајте кора.
Маргаринот изматете го со шеќерот, па додадете кисела павлака, кора од еден лимон и изматена слатка павлака.
На подготвената кора ставете половина бел фил, одозгора наредете јагоди, па повторно прекријте ги со бел фил.
Изматете ја слатката павлака и нанесете ја врз кората. По желба изрендајте чоколадо или додадете сируп од чоколадо.
Оставете ја во фрижидер да се стегне и излади неколку часа.Потребни состојки:
*600гр мелена плазма
*250гр маргарин
*200гр шеќер во прав
*2дл сок од портокал