Без победник во миланското дерби

Интер и Милан одиграа нерешено 1:1 во 162-то миланско дерби, наречено „Дела Мадонина“.Според прикажаното и пропуштените гол шанси многу поблиску до победата во дербито беше Милан.Екипата на Масимилијано Алегри стигна до предност во 21.минута со голот на Ел Шарави, негов 16-ти оваа сезона, прв по доаѓањето на Балотели во тимот.Токму Балотели по водството на неговиот тим имаше две можности за постигнување на погодок, но голманот на Интер, Хандановиќ и во двете ситуации излезе како победник.Интер израмни, во моментите кога немаше никаква иницијатива и кога неговите играчи не знаеа како да се доближат до голот на противникот.Нагатомо нафрли од левата страна, а Скелото кој се најде меѓу Мексес и Де Шиљи со глава го совлада Абијати. Скелото во својот четврти меч за Интер по доаѓањето од Аталанта го постигна својот деби гол.До крајот на натпреварот Милан имаше убава можност да ја врати предноста, но ударот на Нијанг го одбрани најдобриот играч на Интер на ова средба, Хандановиќ.
МакфаксИнтер и Милан одиграа нерешено 1:1 во 162-то миланско дерби, наречено „Дела Мадонина“.Според п

Пронајдете не на следниве мрежи: