Самото тоа што ве сака треба да ви биде доволно. Некогаш нема потреба од никакви прашања кога се работи за љубов. Вашите 2 зборчиња се најсилната возможна форма на љубов. Кога веќе сте ги кажале, за се друго е беспотребно да се зборува…. Секако тоа да бидат докажани зборови, кои ќе го претставуваат нивното суштинско значење.Но некогаш, дури и покрај тоа што знаете колку многу ве сака вашиот партнер, имате неуморлива желба постојано да поставувате прашања, за кои веќе и го знаете одговорот.
Еве кои прашања не треба никогаш да му ги поставувате на вашиот сакан…
1.Ме сакаш ли?
2.Дали те правам среќна?
3.Дали ти значам?
4.Мислиш ли дека имаме иднина заедно?
5. Важно ли ти е моето минато?
6.Мислиш ли дека сум таа вистинската?
7.Дали ти пречат моите мани?
8.Дали сум најдоброто нешто кое си го имал досега?
9.Дали ми се восхитуваш?
10. Мислиш ли дека сум убава?
11.Дали сакаш да ти кажам работи кои не сум му ги кажала никому?
12.Ќе ме сакаш ли и утре?
Доколку вашиот партнер искрено ве сака и досега на милион начини ви го докажал и покажал тоа, овие прашања се целосно непотребни. Затоа, не прашувајте многу, дозволете си да бидете среќни и да уживате во љубовта…Но некогаш, дури и покрај тоа што знаете колку многу ве сака вашиот партнер, имате неуморлива желба постојано да поставувате прашања, за кои веќе и