Без разлика на се 350.000 срца ќе продолжат да се борат за Македонија

Аналитичарот Милан Стефаноски денес на својот фејсбук профил се обрати кон сите, како што тој вели, душебрижници од нереализирани ликови или од амбасадори.
Во продолжение прочитајте го статусот.Се изначитав глупости, но Ви благодарам за искажаните глупости со кои помогнавте за овој статус.Па вака,Вие кога нешто ќе згрешите, од дома ве менуваат за друг син, ќерка?Вие кога ќе промашите, ве менува вашиот сопруг, брат и татко со друг човек?Понесувањето одговорност е личен и индивидуален чин.Чин на воспитување и култура.Но, и чин внатре со своите, со семејството.Промената прво се прави, внатре, во срцето.Се прифаќа поразот и грешките.Се прашувате и прашувате каде сте згрешиле и каде сте пропуштиле.Најлесно е да се побара персонална промена, а најтешка е промената да се направи во себе.ВМРО никогаш не била и нема да биде еден човек.И, без разлика кој ќе биде или остане лидер, ВМРО е идеја, а не празна комунистичка матрица која има само порив да владее.Затоа е безпредметно лудилото за барање само персонална одговорност.тоа можеби ќе следи, но тоа ќе биде првенствено лична одлука, а ВМРО ќе продолжи да живее со таа одлука.ВМРО ќе ја бара и сноси одговорноста но сама, со своето семејство и после тоа ќе излезе посилна.Не ни требаат душебрижници од нереализирани ликови или од амбасадори.Па ВМРО во историјата нив секогаш ги надживувал.350.000 македонци е големо семејство, и за ова семејство вреди да се направи СЕ.За многу брзо секој дом од тие 350.000 симпатизери и членови ќе биде месен комитет, општински комитет или извршен комитет.Грешки имало и ќе има како во се во животот.Можеби најдобро е да си ја почуствуваш грешката и на своја кожа за да можеш да си ја корегираш.Важно е како да ги надминеме грешките, а не кои биле причините, тие се случиле и нема назад. Причините за грешка може да ги гледаме секој од различен агол и секој како му одговара.Јас не се радувам на поразот, но не му се плашам, оти сега знам дека нема да работам со профитери и калкуланти.Ќе работам со браќа и сестри со идеал за Македонија.На поразот му се заблагодарувам оти ќе не направи подобри, попретпазливи и посвесни.Поразот ги исчисти профитерите, и фала му за тоа.И,Ќе повторам, тие што веднаш бараат нечива персонална одговорност немаат храброст да се погледнат во огледало и да си ја видат и сопствената одговорност.ВМРО може и без чедовци, реформатори или превртливи новинари.Се додека идејата е Македонија и 350.000 светли срца чукаат за таа идеја тогаш вреди борбата да продолжи.За нас борбата е начин на живот, а ВМРО се роди во борба заради борба.Ние сме ВМРО, не сме странски измеѓари, ниту салотејп коалиции.Ние сме за постојана борба за Македонија.
Милан,18.10.2017
 
Се изначитав глупости, но Ви благодарам за искажаните глупости со кои помогнавте за овој статус.Па вака,Вие кога нешто ќе згрешите, од

Пронајдете не на следниве мрежи: