Без решено име нема интеграции: Столтенберг и Хан со јасни пораки до Заев

Зоран Заев во Брисел и од НАТО и од ЕУ доби порака дека без решение за името нема ниту почеток на преговорите ниту членство. Тие пораки беа и споделени со јавноста по средбата на Заев и со првиот човек на Алијансата Столтенберг, како и по средбите со еврокомесаритет Хан и Могерини, како и со Доналд Туск од Европскиот совет.
Столтенберг, прашан дали ако се исполнат реформите, НАТО е подготвена да ѝ понуди членство на Македонија, тој истакна дека Алијансата сè уште стои на ставот што беше кажан на самитот во Букурешт во 2008 година и на самитот во Варшава во 2016 година, односно дека е потребно заедничко прифатливо решение за спорот за името.
– Потребно е заеднички прифатливо решение во рамки на НАТО. Ние не сугерираме решение, но ако е прифатливо за Грција и за Македонија, ние сме подготвени за придвижување на процесот за членство – рече Столтенберг.
Во поглед на тоа како може да се реши наметнатиот спор со името од соседна Грција, Заев и во Брисел повтори дека „ако се има пријателски однос, добар пристап, може да се најде решение“.
– Сиве овие години на блокада на процесот за влез во НАТО, покажаа дека стоењето во место предизвикува кризи. Очекувам поддршка и од Грција за решавање на овој проблем. Сметаме дека и со привремената референца може да влеземе во НАТО или да почнеме преговори за членство. Додека тече ратификацијата во 29 земји членки, што е процес кој трае околу две години, се надеваме дека би можеле да најдеме решение – рече Заев, одговарајќи на прашање дали е подготвен да го смени името или да Македонија да влезе во Алијансата под привремената референца.
Иако Заев останува на ставот дека евроатланските интеграции се можни и пред решение, со деблокада од Грција како „добра волја“,  Хан во име на Еврокомисијата ја отфрли можноста за почеток на пристапните преговори со Македонија под референцата „поранешна југословенска Република Македонија“, бидејќи според него треба да се најде трајно решение, а не провизорно. Тој рече дека е потребен компромис „за секој да добие по нешто“.
– Претходната Влада работеше на мерки за градење на доверба и истото и понатаму треба да се продолжи. На крајот на денот, се надевам и ова е човечки, дека решение може да се најде. Со признавање дека сите имаат интерес од тоа. Нема да биде лесно, многумина се обидуваа со години, но сега има нов моментум и убеден сум дека можеме да ја искористиме ситуацијата и да направиме прогрес- рече Хан, кој во насока на „нов моментум“,потенцираше дека мора да се најде компромисно решение.
– Сега има взаемно разбирање дека треба да имаме прогрес во ова прашање, за да биде релевантно за иднината и да увезуваме стабилност. Треба да се најде заедничко решение, но ако влегуваме со отворен ум во разговорите, тоа е можно. Секогаш има начин за да се придвижат работите и на тоа мора да работиме. Мора да се најде решение прифатливо за сите- дециден е Јоханес Хан, кој побара сите во преговорите да бараат компромис.Зоран Заев во Брисел и од НАТО и од ЕУ доби порака дека без решение за името нема ниту почеток на преговорите ниту членство. Тие пораки беа и споде

Пронајдете не на следниве мрежи: