Без влакна на јазикот: Асад откри кои земји им помагаат на терористите!

Ако навистина сакате да се борите против нив и да ги поразите, морате да им го отсечете приливот на оружје, пари и регрути, кои главно доаѓаат од Турција, со поддршка на Саудиска Арабија и Катар, изјави Башар ал Асад за чешката ТВ 1.„Тоа е првиот чекор кој е неопходно да се преземе кога ќе започнете борба против тероризмот. Инаку, се борите додека тие неограничено добиваат залихи од разни држави, пред сѐ од други области, додека Западот ги затвора очите пред тоа“, предупреди претседателот на Сирија.
„За враќање на мирот неколку земји, Франција, Велика Британија, САД, Саудиска Арабија и Катар и неколку други треба да престанат да ги поддржуваат терористите. Веќе од утре ќе биде подобро, а за неколку месеци ќе имаме целосен мир во Сирија“, тврди тој.
Асад додаде дека единствено учеството на Русија во борбата против тероризмот во Сирија го натера Даеш (ИСИЛ) и Фронтот ан Нусри да се повлечат.

#Terrorists receive arms, funds via #Turkey w/ aid of #SaudiArabia and #Qatar – #Assad https://t.co/aBOqYCGGM4 pic.twitter.com/OP0PaAy6Rv
— Sputnik US (@SputnikNewsUS) December 2, 2015

„Учеството на Русија која го создаде антитерористичкиот блок, несомнено стана клучен фактор во поправањето на ситуацијата во Сирија“, оцени Асад.
Франција не работи ништо сериозно, додека Русите се многу сериозни во борбата против тероризмот и соработката со сириската војска додаде тој. За турското соборување на рускиот воен авион, Асад искоментира дека претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган, „изгубил ладнокрвност затоа што руската интервенција ги промени односите сега на теренот“.
„Поразот на Ердоган во Сирија е пораз на терористичките организации и го одбележа неговиот политички крај“, заклучи Асад.„Тоа е првиот чекор кој е неопходно да се преземе кога ќе започнете борба против тероризмот. Инаку, се борите додека тие неограничено добиваа

Пронајдете не на следниве мрежи: