Не пропуштајте да ја прочитајте колумната за провинцијалката и нејзините градски жртви!Скопје станува една бетонска пустина. Инвазијата на имигранти од реалицајата село-град не стивнува. И така Македонија од земја со околу 2 милиона жители, 50 % од своите широки маси ги укотви во големиот град. Секоја можна уличка, секое можно зелено паркче стана темел за нова зграда. Зграда во која ќе се накомат сељаци кои продале една нива и дел од својата планина, за мочани 40 квадрати бетон во загадениот и смрден град. А Скопје се повеќе базди на неморална багра. Скопје веќе не е град на скопјаните а Македонија излезе дека е само таму. За жал.
Дебар Маало, Маџир Маало и другите скопски маала се опколени од големите земјоделски моќници кои својот капитал наместо во нивните мали и неразвиени места го вложуваат баш во центарот на Скопје. Абе и од Саразмалино да си, ама во центар да имаш бетон!!! Скопјаните се заробеници и заложници на бројните провиnциски маси кои го запоседнаа секој агол на престолнината. Што ќе биде со Македонија???Мисли ли некој да ги заживее малите места и да го сруши овој неморал?? До кога ќе се населува овој град? Се се плашам дека земјата ќе зине и ќе не голтне од тежина па желбата на некои да се врати 1963 ќе им се исполни. Пу јазк.
Дали сте сретнале во градов еден е*ан шалтер, да се обратите за некоја услуга, а од таму да не ве исече гордиот дијалект на некоја снаодлива сељанка која покрај тоа што се омажила(се снашла) во големиот град, туку и во рекордно време го укотвила својот снаодлив г’с на добро работно место?Јас не сум сретнал. А тие имаат посебен нух за таа работа, Вроден таленат. (Секоја чест на квалитетниот и вреден кадар).
Џабе државата отвара факултети низ источна и централна Македонија(Штип, Струмица, Велес и.т.н) кога шалтерите на тие факултети се празни а гужвите на скопските и понатаму не се намалуваат. Големата преселба на народите и понатаму трае. Говорам за трендот во последните 10-15 години кога во Скопје никнаа неколку населби со искомплексирани сељаци и напредни аграрни работници. Од нива се купува стан а од компирот и пиперот се плаќа рата од станбен кредит. Во Скопје секој може да купи стан и да има свој дом. Секој освен скопјаните, да бидам попрецизен.
А беше некогаш Скопје ненаселена ливада, а Водно не пошумена падина. Денес ледината е бетонска пустина а шумата на Водно се сече за изградба на нови згради.
Повеќе на: ТЗМ.МКСкопје станува една бетонска пустина. Инвазијата на имигранти од реалицајата село-град не стивнува. И така Македонија