> 5-те ѕвезди го потврдуваат највисокото ниво на безбедност на знаменосецот на ŠKODA,
> Најдобра заштита како за возрасните патниците така и за децата,
> ŠKODA Superb го има најдобриот резултат пред се поради новите иновативни безбедносни системи,
> Целата актуелна гама на ŠKODA има максимални 5 ѕвезди од Euro NCAP.Новиот ŠKODA Superb освои 5 ѕвезди на Euro NCAP. Резултатот ги потврдува извонредните безбедносни стандарди на новиот модел на ŠKODA кој наскоро ќе биде лансиран на македонскиот пазар. Последните резултати на Euro NCAP, покрај тоа што ја потврдија одличната безбедност на Superb, прикажаа и врвен безбедносен стандард кај целата гама на ŠKODA. При лансирањето на пазарот, сите актуелни модели на производителот беа наградени со максимални 5 ѕвезди од Euro NCAP.
Рејтингот на Euro NCAP (Програма за оценување на европските нови автомобили) вклучува резултати од повеќе спроведени тестови, од заштита на патниците (возрасни и деца), преку заштита на пешаците до оценка на безбедносните системи. Новиот ŠKODA Superb доби одлични оценки на сите испитувања.
Новиот ŠKODA Superb нуди безбедност без компромис: користењето на MQB платформата од групацијата Volkswagen, му овозможи на моделот врвни резултати кога станува збор за бројните безбедносни системи. Во случај на судар, врвните безбедносни системи кои вклучуваат до 9 водушни перничиња, крутата каросерија и специфично оптимизираните зони на деформација ја нудат најдобрата можна заштита за патниците. Подвозјето, исто така, е целосно ново и гарантира стабилност, удобност и агилност.Новиот ŠKODA Superb освои 5 ѕвезди на Euro NCAP. Резултатот ги потврдува извонредните безбедносни стандарди на новиот модел на ŠKODA