Бездомник ѝ помогнал на девојка во неволја!

Возовите се кошмар. Често доцнат, преполни се, а ако го пропуштите последниот, тешко вас.Тоа ѝ се случило на Никол Сеџбир, кога сакала да се врати дома во Милтон Кејнс од Лондон Јустон.
Сеџбир пристигнала предоцна на станицата и ја нашла затворена. Бидејќи не го познавала Лондон, не знаела што да прави и каде да оди.
Тогаш Марк ѝ понудил друштво додека станицата не се отвори во 5 часот следното утро.
Никол ја споделила неверојатната приказна на Фејсбук:
„Се надевам дека оваа приказна ќе ги натера луѓето да размислат два пати кога ќе видат бездомник. Минатата вечер, го пропуштив последниот воз до дома. Кога конечно пристигнав до Јустон да чекам до утрото, станицата беше затворена.

Само што сакав да се расплачам, се појави Марк. Тој рече дека ќе ме однесе во кафуле што е отворено, бидејќи е опасно сама да шетам доцна навечер. Ме остави пред кафулето и рече дека мора да се врати да си ја земе вреќата за спиење, па ќе се врати за 5 минути да ме испрати назад до станицата. (Си реков да, сигурно ќе се врати, ако се лажеме). Поминаа 5 минути и не се појави. Излегов од кафулето и на аголот го забележав Марк како трча кон мене. Овој човек го претвори ова негативно искуство, во едно од најпозитивните работи што ми се случиле во животот. Марк ти си прекрасен човек. Никогаш повеќе во животот нема да игнорирам бездомник!“Тоа ѝ се случило на Никол Сеџбир, кога сакала да се врати дома во Милтон Кејнс од Лондон Јустон.
Сеџбир пристигнала предоцна на станицата и

Пронајдете не на следниве мрежи: