Бездомникот од Мисури, Били Реј Харис, се најде во центарот на вниманието на јавноста кога на почетокот на февруари врати дијамантски прстен што случајно упадна во неговата кутија за собирање милостиња.Во знак на благодарност, сопственичката Сара Дарлинг заедно со сопругот покрена хуманитарна акција, во која за Харис се собрани повеќе од 86.000 долари.„Не сум сигурна како сте се нашле во ваква ситуација, но бидејќи водов како постапивте, уверена сум дека чесен и добар човек“, напишала Воланда Шилдс на сајтот за собирање средства за Харис. „Додека ве гледав во вестите пред некој ден, очите ми се насолзија, откако помислив што другите би можеле да направат“, додаде жената која донираше 1.000 долари.Сара Дарлинг и нејзиниот сопруг Бил Крејчи, кои ќе останат во контакт со Харис, велат дека се воодушевени од него и од реакциите на луѓето на повикот да донираат пари.„Не можам да најдам зборови да искажам какво е чувството да се биде дел од ова“, напиша Крејчи.Харис, кој бил израснат од својот дедо свештеник, изјави за КЦТВ дека одлуката да го врати прстенот за него била најнормална работа на светот и дека не мисли оти неговата постапка заслужува толкаво внимание.
Макфакс„Она што навистина ми паѓа на памет, каде ли отиде овој свет кога некој ќе врати нешто што не му припаѓа и ќе го предизвика ова?“, прашува Харис.Бездомникот од Мисури, Били Реј Харис, се најде во центарот на вниманието на јавноста кога на почетокот на февруари вр