Безглутенската исхрана не е поздрава алтернатива

Не постои причина да се тврди дека безглутенската храна е подобра и поздрава, освен во случаите кај лицата кои боледуваат од целијакија, тврдат експертите.Меѓутоа, безглутенската исхрана стана глобален тренд во последните неколку години, особено помеѓу поклониците на здравата храна. 
Гастроентерологот Сузан Махади од австралискиот универзитет Монаш изречно го нагласува нејзиното противење за тоа да се избегнува глутен, освен во случај на болни од целијакија, и истакнува дека со тоа се доведува здравјето во ризик, пишува британскиот “Independent”.
“Не постојат докази за тврдењето дека стриктната безглутенска диета е добра за здравјето кај пациентите со целијакија. Дури е можно да е сосема спротивно. Но, избегнувањето на целите житарки во исхраната е нешто сосема поинакво и истото резултира со низок внес на влакна”, вели таа.
Махади објаснува дека, и покрај широката распространестост и популарност на безглутенската диета, таа ги нема здравствените предности што ѝ се припишуваат.
Една минатогодишна студија која се извршила на илјада испитаници над 26 години кои не боледуваат од целијакија, покажала дека луѓето не треба целосно да се потпираат на безглутенската исхрана.
“Долгорочниот внес на глутен не е поврзан со ризик од коронарни артериски болести. Меѓутоа, намалениот внес на житарици може да ги изложи луѓето на многу кардиоваскуларни ризици”, е наведено во заклучокот од истражувањето.
Одбегнувањето на глутен напротив може да го зголеми ризикот и од појава на дијабетес тип 2.Меѓутоа, безглутенската исхрана стана глобален тренд во последните неколку години, особено помеѓу поклониците на здравата храна. 
Гаст

Пронајдете не на следниве мрежи: