Безвременска убавина – 81 година од раѓањето на Елизабет Тејлор

На денешен ден (27.02), во 1932 година во Heathwood, Лондон родена е Елизабет Тејлор, една од најпознатите светски филмски ѕвезди.
На 3 годишна возраст почнува да се интересира за танц и глума, а откако со семејството се сели во Лос Анџелес го потпишува и својот прв договор за филмот There's One Born Every Minute снимен во 1942 година. Елизабет тогаш има само 10 години.
Својот најголем успех, меѓутоа го доживува две години подоцна со својата улога во National Velvet со која докажува дека за разлика од другите деца-ѕвезди таа е подготвена и за повозрасни улоги. Успехот на филмското платно на Елизабет Тејлор, освен од нејзината убавина и талент беше потпомогнат и од нејзиниот скандалозен љубовен живот. На 17 години влегува во брак со наследникот на Hilton хотелите Конрад “Ники” Хилтон, а до крајот на својот живот се мажи уште седум пати од кои два пати со актерот Ричард Бартон.
Cat on a Hot Tin Roof, A Place in the Sun, Cleopatra се само некои од насловите по кои оваа филмска дива ќе остане запаметена во својата шест децениска кариера.
Елизабет Тејлор умира на 23 Март 2011 година од здравствени проблеми со срцето.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.На денешен ден (27.02), во 1932 година во Heathwood, Лондон родена е Елизабет Тејлор, една од најпознатите светски фил

Пронајдете не на следниве мрежи: