Безживотно тело на жена пронајдено во водите на Пчиња

Безживотно тело на возрасна жена која пред еден месец била пријавена за исчезната пронајдено е вчера во водите на реката Пчиња во атарот на селото Војник, Кумановско.Како што соопшти денеска МВР,  случајот го пријавил случаен минувач, кој вчера околу 16:30 часот, го забележал телото во водите на реката.
Жената родена 1941 година била жителка на селото Младо Нагоричане.
Екипи на територијалната противпожарна единица го извадиле телото на починатата од реката, а увид извршила увидна екипа на СВР Куманово.
По наредба на основен јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.Како што соопшти денеска МВР,  случајот го пријавил случаен минувач, кој вчера околу 16:30

Пронајдете не на следниве мрежи: