Би ни било попаметно да сме многу, многу тивки наместо да бараме живот на други планети

Малкумина веруваа дека луѓето ќе успеат да стапат во контакт со интелегентни форми на живот вон нашата планета, но времињата се менуваат.Сет Шостак, научник од институтот СЕТИ во Калифорнија за истражување на вселената, неодамна имаше свое обраќање во Американскиот конгрес. Тој истакна дека благодарение на телескопот Хабл и леталото Кеплер присобрале доволно докази за да ја поткрепат теоријата дека имаживот и на други планети.
Кеплер до сега има регистрирано 962 егзопланети и 76 сончеви системи, како и планетата Кеплер-10ц која е 17 пати поголема од Земјата и за која се верува дека има услови за живот.
Шостак нагласи дека новооткриените животни форми може да не се многу импресивни, и да бидат само бактерии, амеби, алги и слично, но тие би биле доволно силна причина за СЕТИ да продолжи да постои.

 
Овој институт буквално ја прислушкува вселената. Во последните 100 години луѓето многупати испратиле звучни сигнали низ вселената кои помагаат во нејзиното разоткривање, а се верува дека можеби вонземјаните кои ќе ги фата овие сингали ќе вратат сигнал назад. Во овие сигнали лежи надежта за контакт со вонземјани.
Сепак, има и такви научници кои с епротив овие откритија, со образложение дека не ја познаваме природата на тие вонземјани, па може да се вовлечеме во нешто неубаво и непожелно за нас и нашата планета.
Џон Билингем од СЕТИ има побарано мораториуми на сиве овие проекти поради зачувувањето на безбедноста на Земјата и нејзините жители. Тој има изјавено дека „би ни било попаметно да си седиме мадро и да не бараме живот на други планети“. Српскиот астроном Милан Чирковиќ пак, предупредува на компјутерски вируси кои би дошле со тие сигнали и би предизвикале сериозни штети во нашите мрежни системи.Сет Шостак, научник од институтот СЕТИ во Калифорнија за истражување на вселената, неодамна имаше свое обраќање во Американскиот ко

Пронајдете не на следниве мрежи: