Библиотеката во Прилеп современ мултимедијален центар по европски терк

Во изминатиов период градската библиотека „Борка Талески“ од Прилеп прерасна во вистинска ризница на нашето книжевно богатство и современ мултимедијален центар по европски терк. Во перидот од 2005 до 2016 година се реализираа голем број на проекти кои комплетно го променија ликот на оваа установа.Се набави литература и списанија
-Се набавија над 50.000 примероци со вкупна инвестиција oд над 8.880.000 денари.
Издавачката дејност
Издадени се 38 наслови меѓу кои: „Прилепското писмо“, „Прилепскиот ликовен феномен“, „Перото на прилепските новинари“, „Прилепчани 19 век“, „Шахот во Прилеп“, „Манастирските библиотеки во Прилеп и Прилепско“, „Прилепски спортски големини“, „Македонија – револуционери“, „Хроника за Мариово“, „Македонија и одринско – мемоар на внатрешната организација“ и многу др.
Во периодот од 2005 до 2016 година во Библиотеката се вложени многу средства во унапредување на библиотечното работење, набавка на современа компјутерска и друга аудио – визуелна опрема и преуредување на целокупниот простор на оваа установа, се со цел излегување и задоволување на потребите на нејзините корисници и прераснување на оваа културна установа во модерен книжевен центар на Прилеп.
Набавени се над 20 компјутери, печатачи и скенери. Набавени се и музички систем, проектор, камера, фото апарат и три телевизори, инсталиран е и систем за видео надзор и електронски противпожарен систем и сето ова во вкупна вредност од над 600.000 денари.
Комплетно е реновирано Роднокрајното одделение со износ на вложени средства од над 200.000 денари. Отворено е ново Одделение за странска литература, комплетно е реновирана Големата читална на Библиотеката и претворање на истата во модерна сала за промоции и други настани. Вкупната вредност на инвестицијата е над 1.000.000 денари.
Отворање на Интернет клуб и целосно реновирање на Средната читална со поставување на ботаничка градина, постојана изложба на стари фотографии и аквариум, инвестиција со приближна вредност од над 700.000 денари.
Целосно е реновиран Пултот за возрасни, Одделението за стручна обработка на библиотечниот материјал и тоалетите на библиотеката со приближна вредност од 200.000 денари.
Отворена е нова подрачна библиотека во н.м. Тополчани со книжен фонд од над 10.000 книги. Вкупно од 2005 до 2016 година во библиотеката се вложени над 13 милиони денари.
Бројот на читатели и членови во библиотеката моментално изнесува 5.000, а во периодот од 2013 до денес откако комплетно е реновирана библиотеката во неа се имаат организирано над 200 манифестации, кои ги посетиле над 20.000 луѓе.
Во наредниот период градската библиотека „Борка Талески“ заедно со локалната самоуправа ќе продолжат со интензивното темпо на работа, подобрување и осовременување на условите за работа во библиотеката.
За периодот од 2017 до 2021 година планирано е реализација на исто така голем број проекти во библиотеката :
НАБАВКА НА НОВА ЛИТЕРАТУРА
И во периодот 2017-2021 година Библиотеката планира да набавува актуелна литература од повеќе автори и издавачки куќи, по поволни цени, пред се по саемски цени, но и актуелни весници и списанија, за што би се инвестирале по 500.000 денари на годишно ниво околу. Буџетот ќе биде обезбеен од блок дотации, сопствени приходи и донации.
Вкупно за набавка на литература за период 2017-2021 година планирано е да бидат вложени 2.500.000 денари.
 

ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

Издавачката дејност на Библиотеката ќе продолжи и во овој период ( 2017-2021 ), така што, покрај традиционалните изданија на Зборникот „Поетско Маркукуле“, ќе се издадат и други многу значајни публикации, пред се многу значајни за Прилеп, а и од прилепски автори. Како што се „Мемоарите на Крсте Гермов – Шаќир Војвода“, „Библиографија за Коле Чашуле“, „Семејните библиотеки во Прилеп“, „Монографија за прилепските музичари“, „Старата архитектура на Прилеп и семејните приказни поврзани околу неа“, „Монографија за старите занаети во Прилеп“, „Прилепчани 20 век“ како и многу други.
За издавачка дејност за периодот 2017-2021 година предвидени се 1.220.000 денари.

ДРУГИ ПЛАНИРАНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2017 ДО 2021 ГОДИНА СЕ :

Реновирање на пултот за издавање книги во Детски оддел. Инвестиција 150.000 денари, средства обезбедени од блок дотации.

Промена на електричното осветлување во Детскиот оддел. Буџет од блок дотации, инвестиција вредна 100.000 денари.

Набавка на Печатач ласерски – колор. Инвестиција 15.000 денари, од блок дотации.

Набавка на лифт за лица со посебни потреби. Средствата за лифот се планира да се обезбедат од ЕУ фондовите и тие би изнесувале околу 600.000 денари. Рок за реализација декември 2018 година.

Набавка на електронско екран пано. Паното ќе биде поставено на фасадниот дел за прикажување на активностите на Библиотеката. Средствата ќе се обезбедат од блок дотации и локалната самоуправа. Инвестицијата се планира да изнесува 300.000 денари, а би се реализирала околу септември 2018 година

Обезбедување на преку потребниот магацински простор, бидејќи сегашниот не е доволен ниту за литературата која што се предвидува да се набави во 2017 година, а камо ли за литературата во следните години. Тоа би чинело 3.000.000 денари, пари од блок дотации и локалната самоуправа.

Промена на електричното осветлување во Магацинот. Инвестиција вредна 200.000 денари, од блок дотации. Рок за реализација е април 2020 година.

Набавка на Библиобус. Оваа инвестиција би чинела околу 800.000 денари, а парите би се обезбедиле од ЕУ фондовите, а планирано е да се набави околу месец мај 2021 година 

Вкупните инвестиции по разни основи ќе изнесуваат 5.165.000 денари
КУЛТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ КОИ ЌЕ ГИ РЕАЛИЗИРА БИБЛИОТЕКАТА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2017 ДО 2021 ГОДИНА
Организирање на традиционалната манифестација „Поетско Маркукуле“ за 2017 до 2021 година. Поетски митинг од меѓународен карактер, за кого, за овој период би се потрошиле 100.000 денари, средства од блок дотации и сопствени приходи.

Организирање на манифестациите за избор на: Најдобар рецитатор и Најдобра лична творба. Вкупно предвидени средства за период 2017-2021 година се 000 денари

Организирање на Општинскиот натпревар за Најдобар млад библиотекар. За периодот 2017 – 2021 за оваа намена би се реализирале 000 денари.

ЗА КУЛТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ ВО ПЕРИОДОТ 2017-2021 СЕ ПРЕДВИДЕНИ 145.000 ДЕНАРИ

ИСТО ТАКА БИБЛИОТЕКАТА ПЛАНИРА ДА ОРГАНИЗИРА И РАЗНИ ПРОМОЦИИ НА КНИГИ, ИЗЛОЖБИ, ПРЕДАВАЊА…

За оваа намена за периодот 2017 – 2021 година се предвидени 100.000 денари.Се набави литература и списанија
-Се набавија над 50.000 примероци со вкупна инвестиција oд над 8.880.000 денари.
Издавачката дејно

Пронајдете не на следниве мрежи: