Бидете внимателни! Дури и да е малку покачен може да ве погоди срцев удар!

Дури и малку повишен холестерол во средните години значително го зголемува ризикот од срцеви заболувања, покажале истражувањата.Кај луѓето со благо покачен холестерол во периодот помеѓу 35 и 55 години ризикот од срцеви заболувања може да порасне за дури 40 проценти, покажуваат студиите.
Задолжително се препорачува контрола на нивото на холестеролот, истакнуваат авторите кои следеле околу 1.500 испитаници.
„Масните години“ носат жртви, предупредиле.
Секоја личност со повишени маснотии во крвта нема да мора да зема лекови за таа цел, можеби ќе има корист од промената на начинот на исхрана и поголеми физички активности, рекла Ан Мари Навар- Боган, предводник на студијата објавена во списанието Circulation.
Преголемото ниво на маснотии во крвта може да предизвика постепено таложење на масни супстанци на ѕидовите на крвните садови и да ги стесни, што го отежнува протокот на крв низ срцето, мозокот и телото.
Тогаш крвните садови можат да имаат толку наслаги што се чувствува срцева болка или доаѓа до срцев удар.Кај луѓето со благо покачен холестерол во периодот помеѓу 35 и 55 години ризикот од срцеви заболувања може да порасне за дури 40 проценти, покажува

Пронајдете не на следниве мрежи: