Надлежните служби сугерираат дека најдобро е да се пријави кражбата на автомобилот, отколку да се подлегнува на можни уцени и договори од страна на ограбувачите.Кражбата на автомобили е работа со добар профит и со неа се занимаваат добро организирани криминални групи во регионот. Според статистиките, во овој период „најбарани “ се луксузните и скапи автомобили од германско и француско производство.
Возилата кои најчесто се крадат се: „Ауди“, „Фолксваген“,„БМВ“, „Рено“, „Цитроен“, „Пежо“, „Опел“, „Фиат“ и „Дачиа“.
Во последно време, криминалците имаат два нови начин на одбележување на автомобилите кои после ги крадат.
Едниот е симнување на бандажите, а другиот е гребење од страната на возачот со што автомобилот и официјално е одбележан. Исто така, нова појава се и тн. „тркачи“ кои чекаат возачите да го остават стартуван автомобилот со клучевите во брава за да излезат да завршат набрзина некоја работа, а тие го користат овој момент упаѓаат во автомобилот и го крадат.
Се советува и дека луѓето на кои им е украден автомобилот да не го огласуваат возилото на разни сајтови за купување и продажба на возилата и да оставаат фотографии, бидејќи во такви ситуации се јавуваат луѓе кои велат дека го пронашле автомобилот и бараат пари за да го вратат, а во најголем број на случаи станува збор за измамници.
За кражбата на возилата од најново производство се користат кодиран клуч и компјуте, се користи и софистициран алат за премостување, односно декодирање на компјутерот, како и механички алат за обивање на бравите.
Постојат неколку начини на кои луѓето може да ги заштитат нивните автомобили.
Тука спаѓаат електронските и механички заштити.
Во електронски заштити спаѓаат разни типови аларми, изместување на ОБД приклучокот на компјутерот во возилото, прекин на струјата, обезбедување на компјутерот на возилото.
Додека пак, во механички заштити спаѓаат разни системи за заштита кои служат за блокирање на управувачот и воланот на возилото.Кражбата на автомобили е работа со добар профит и со неа се занимаваат добро организирани криминални групи во регионот. Според статистиките, во ово