Се започна како урбана љубовна приказна…најобична – Она имаше дечко, јас девојка! Прво глумевме модерни Ромео и Јулија – она внатре во Балет, а јас пред врата не ме пуштаа! Па обратно, ја у Џубокс, а она ќерка на луѓето кои искачаа внатре. Флерт убав, хемија невидена, привлекување на завидно ниво. Раскинуваме со другите половини, нормално и почнуваме да се бафтаме. Држ – недај, убав период па спукај ја, па љубоморни сцени, па пак смири се – нормална прича од градов кај сите двојки. Другарките и беа променливи према мене исто ко Драган Вучиќ со телевизиски канали, час розеви ко Сител, час лабави ко Телма, час оштри ко покојни А1!
Ама во целава ситуација се дешава преокрет…се заљубуваме, посветени еден на друг ептен! Патувања, јавувања, пораки – небаре Купидон сите стрелки у г’з ни ги зачукал на двајцата! ТОП! Е жими онаквоно ТОП! Его проработе, кај кој повеќе, кај кој помалку! Спукување за увек…крај! ЕЕЕЕ другарчеее….и јас мислев КРАЈ , ама далеку од КРАЈОТ! Тек сеа почнува Хоророт….
Почнува вака: BLOCK, DELETE, Unfollow, Remove from contacts… знаете што е вирален маркетинг word of mouth? Мислев дека и јас знам, ама згрешив… брзина на „пуштање муабет“ за тоа колку сум бил лош еднаква на оптички интернет од Т-Хоум. Сретнување на нејзина другарка во град – кај неа се уклучува РОБОКАП сензорот и од датабазата и се појавува информацијата дека ти си непријател и киселата насмевка стапува на сцена, извини брзам…ок, се почуствував ко да имам сифилис! Следна ситуација нејзиниот колега од работа…муабетот од „Кај си брааат, легендо“ преминува на „Здраво,како си, добар? Морам да одам…“…ОКЕЕЕЕЈ…и крајна ситуација – Главната Ѕвезда се појавува во диското кај што си ТИ…опааа кулминација на вечерта! Поминува поред тебе ко мислиш Оскар земала за најдобра БИФША, иде на шанк, класично игнорирање и смеење со првиот кој ќе и дое…она е НЕДОСТИЖНА, ЅВЕЗДА, РАСПОЛОЖЕНА…КРАЉИИИЦА! И пошто тоа и е малку следи на два три пати разминување за да ги поздрави другарите твој еден по еден за да ти го потврди ИГНОРОТ на неколку пати.
Повеќе на следниот ЛИНКФлерт убав, хемија невидена, привлекување на завидно ниво. Раскинуваме со другите половини, нормално и почнуваме да се бафтаме. Држ – н