„Биг Бен“ го нема веќе: Овој упорен човек ослабна неверојатни 70 килограми!

Бен Букари Јуниор се бореше со својата најголема зависност – храната. На својата маса секогаш имаше поставено нездрава храна, која беше дел од неговото мени: пржено пилешко, нездрави газирани пијалаци и најголеми порции од макарони со сирење.„Храната ми беше како најдобар пријател“, изјави Букари за CNN.
Во септември, во 2010 година, Букари тежеше 170 килограми. Неговата дебелина веќе на големо почна да ја надминува XXL големината. Бен отсекогаш се борел против вишокот килограми, со што си го заработил прекарот „Биг Бен“ во средно училиште.
Едно попладне, неговиот брат дојде во неговата канцеларија и му го постави прашањето кое му го смени животот:
„Како можеш да се грижиш за животот на другите кога не можеш да се грижиш за себе?“, рече Брајан.

 
Овие зборови го натерале Букари да размисли како другите го перцепираат него.
„Никој не сака да биде дебел. Веќе ги насочив мислите кон тоа дека не сакам јавноста да ме доживува на таков начин. Токму тој момент ми го смени животот“, рече Бен.
Веќе наредниот ден ја смени исхраната, префрлувајќи се на диета со која внесувал ниско количество на јаглехидрати, ограничувајќи се на помали порции. Бен го отфрлил и шеќерот од исхраната. Еден обичен ден му се состоел од тоа што јадел неколку варени јајца за доручек, пилешка салата за ручек и стек со зеленчук за вечера.
По цели девет месеци на строга дисциплина и вежбање, тој решил да застане да се измери во 2011 година и изгубил 40 килограми. Тоа го мотивирало да продолжи понатаму.
По неколку месеци, тој ослабна дополнителни 30 килограми.
„И вие можете да го направите тоа, само морате да верувате дека ќе функционира и да бидете упорни“, завршува Бен.„Храната ми беше како најдобар пријател“, изјави Букари за CNN.
Во септември, во 2010 година, Букари тежеше 170 килограми. Него

Пронајдете не на следниве мрежи: