Бихаќка виа ЛЕРИН

Македонската јавност, со право се прашува, зошто Роберт Алаѓозовски, неговите партиски ментори од СДСМ и таканаречениот Совет за култура на оваа партија, години наназад не наоѓаат храброст, пред македонската јавност да одговорат на едно единствено прашање: Kои дела од областа на културата  СДСМ ги остави зад себе во своето децениско практицирање на власта во Република Македонија? Одговорот на ова прашање ќе овозможеше амбиент за аргументирана јавна дебата низ која би можеле да споредуваме конкретни проекти и активности.Оттука и последната “прес” конференција на  Алаѓозовски на која беше присутен само еден новинар, не може да се сфати никако поинаку, освен како уште еден очаен обид, да се сврти и онака симболичното внимание на јавноста, кон се што доаѓа од дезориентираната дружина на поранешна Бикаќка. Обвинувајќи го ресорното министерство за поддршка на “Кич проекти, анонимуси и естрадни ѕвезди”, случајно или намерно првиот човек на ова партиско тело (за кое јавноста во земјава слуша толку често колку што слуша за движењето на Халeевата комета) заборава да спомене  и некои од поддржаните анонимуси .
Првиот човек на таканаречениот Совет за култура на СДСМ, говори за погрешни политики на Mинистерството за култура, заборавајќи дека тој самиот години наназад ги ужива финансиските благодети, кое тоа исто министерство за култура (како дел од своите погрешни политики) му го овозможува. Што се однесува до анализите кои ги презентираше на  таканаречена  прес – конференција од пред два дена, покрај изречените куп пропагандни глупости кои  немаат никаква врска со реалноста, особен впечаток остава моментот во кој (замислете?) шефот на сдсмовската  култура, објавува резултати од направена анализа за периодот 2006-2011 година, (најверојатно годината во која престана интересот на СДСМ за македонската култура). Потсетувајќи се дека живееме во 2016 година, не можеме, а да не се запрашаме, дали овој човек сам ја правеше оваа анализа или некој му помогна, бидејќи  толку весела математика и толку глупости на еден лист хартија, сам човек не може да напише. Во врска со споменатиот интерес и грижата за интересите на културните работници, би било убаво, првиот човек на сдсмовската култура да се потсети на какво дереџе СДСМ ги остави културните работници во 2006 година и (онака за промена) да направи споредба со нивниот статус во општеството, почнувајќи од платите, изградената инфраструктура, па се до условите за работа денес. Кога веќе, првиот сдсмовски “културњак”  не наоѓа за потребно да посочи барем еден отчет во кој детално би се запознале со грандиозните успеси на СДСМ во областа на културата, од времето кога ја практицираше власта, убаво би било да го потсетимe на игнорантскиот однос на неговите вечно незадоволни колеги кон институцијата, од која секоја година добиваат средства за реализација на проектите со кои конкурирале во годишните програми на министерството. Звучат речиси неверојатно, се почестите информации за бајатиот однос на еминентни културни работници блиски до СДСМ и нивните “затворени” премиери, потоа премиери од типот на претставата “Лерин” на Унко, одржана на 29 декември, за кој никој жив во државата, ниту слушнал, ниту ја видел, ниту пак некој информирал за нејзиното одржување а за која “диктаторското” Mинистерство им исплатило поприлична сума на средства. Ова нека биде повик до сите оние, кои евентуално биле на премиерата на претставата “Лерин”, или пак некој што бил можеби им раскажал за неа, да ги споделат своите впечатоци со сите нас кои го обожаваме Унко и се радуваме на сите негови остварувања кои бездруго секогаш имаат својат тежина,  освен кога се играат со неиграње. Ако на сето ова се додадат режисерските каприци како оној на една од побелените сдсмовските ведети во театарот за деца и младинци, минатата година – сликата е потполна. Ем добиваат средства, ем кон нив се однесуваат бајато и со потценување, ем на крајот ронат крокодилски солзи поради односот на “диктатурата” кон нив. Како круна на понеделничниот обид за прес на првиот човек на сдсмовската култура, не можеме, а да не ги поздравуваме сите три реченици со кои тој гордо ја презентираше целокупната програма на СДСМ во областа на културата, за која убеден сум со огромно задоволство ќе се произнесат и граѓаните на Р. Македонија, веќе во април годинава.
Да резимираме: aко културната политика на СДСМ се обидеме да ја опсервираме низ мудроста на Хераклит, содржана во само два збора Panta Rei, со кои сме упатени на незапирливиот моментум од промени, низ кои се тече и се се менува, ќе наидеме на сериозен проблем. Во СДСМ ништо ниту тече, ниту се менува. Се додека културната политика на оваа партија се потпира на ликови кои не се појавуваат на работа, се радуваат на секоја повреда на туѓ колк, водат паралелни вести и ниту за жива глава не се откажуваат од финансиската поддршка на  “диктаторскиот режим” – и понатаму ќе доживува дебакли од кои тешко дека некогаш ќе се опорави.
м-р Александар Сашко КукулевОттука и последната “прес” конференција на  Алаѓозовски на која беше присутен само еден новинар, не може да се сфати никако поинак

Пронајдете не на следниве мрежи: