Поради криптококен менингитис, Мартин се претворил во растение, бидејќи ги загубил моторичките способности и можноста да води нормален живот. Докторите им рекле на неговите родители да го одведат да почине дома, меѓутоа тоа не се случило.Мартин Писториус имал само 12 години кога докторите му дијагностицирале криптококен менингитис. Неговите родители биле очајни кога докторите им рекле да го однесат дома да умре на мир. Тие го направиле тоа, меѓутоа детето останало живо. Да биде уште поинтересно, родителите се грижеле за него цели 12 години, но сѐ уште не се појавил ниту еден знак за подобрување на состојбата.
Таткото на Мартин станувал секој ден во 5 часот наутро, го облекувал, би го сместил во автомобилот и го носел во специјален дневен престој каде што момчето поминувало 8 часа дневно.
„Веднаш потоа, јас го собирав, капев, хранев, ставав во кревет и го местев алармот да ми ѕвони на секои два часа за да станам и да го свртам за да не добие декубитис“, објаснува неговиот татко.
Цели 12 години ова семејство се грижело за Мартин. Неговата мајка Џоан била до толку очајна, што во еден момент му порачала на синот: „Се надевам дека ќе умреш“.
Животот ќе ви се смени ОД КОРЕН, ако ги правите овие работи пред спиење!
Денес, таа е во целост свесна колку била ужасна таа реченица, но вели дека само сакала да почувствува олеснување. Неверојатно, но денес Мартин вели дека бил свесен за сето она што се случувало околу него, бидејќи вегетативната состојба сепак целосно не го опфатила. Тој бил заробен во телото кое едноставно не сакало да сорабитува со него.
„Да, бев присутен, но не од почетокот. Откако поминав две години во вегетативна состојба, почнав да се будам. Бев свесен за сето она што се случуваше околу мене“, се присетува Писториус. „Сите веќе навикнале на тоа дека сум отсутен, но никој не забележа дека почнав да се будам. Бев погоден од помислата дека целиот живот ќе го поминам на тој начин – осамено“, продолжува Мартин.
Тој станал толку депресивен, што бил убеден дека никој никогаш нема да биде нежен кон него и дека нема повторно да биде сакан. Но, сепак пронашол разбирање за својата мајка.
„Како што поминуваше времето, така научив да се носам со очајот на мајка ми. Секој пат кога ќе ме погледнеше, таа гледаше груба пародија на она што некогаш било здраво дете кое го обожувала“, додаде тој.
Мартин одлучил дека му е доста од таквиот живот и со силата на волјата одлучил да ги земе работите во свои раце. Почнал, така што открил колку е часот според движењето на сончевата светлина во просторијата. Веднаш потоа, откако неговите мисли станале позитивни, се случило нешто неверојатно – неговото тело почнало да закрепнува. Тој доживеал потполно неочекувано невролошко закрепнување и неговата макотрпна борба конечно се исплатела – тој докажал дека е присутен.
Мартин денес има 39 години и живее во Англија со својата партнерка.
ЕФЕКТ НА ПИГМАЛИОН: Со мислите го привлекуваме она што ни се случува!Мартин Писториус имал само 12 години кога докторите му дијагностицирале криптококен менингитис. Неговите родители биле очајни кога докторите им рек



