БИЛ МРТОВ 67 ДЕНА, А ПОТОА ОЖИВЕАЛ: Приказна за која зборува цел Балкан!

– Упаднав во свет кој не ми беше јасен. Бев во собата, а не бев во собата. Како сон кој долго трае, не можам да се сетам на деталите – вели Јосип.На Јосип Кокез, ученик во 3-та година средно Електротехничко училиште во Сплит, му застанало срцето и поминал во кома 67 дена. Денот кога ова му се случило, му го променил неговиот живот засекогаш.
Пред 5 години момчето кое тогаш имало 17 години, во теретана кревал тегови тешки 100 килограми, а потоа после појадокот отишол пешки до училиште иако татко му се понудил да го превезе. Додека седел во училиште и фаќал бечешки, го спуштил моливот, погледнал наоколу и паднал на клупата.
Оваа несреќа се случила на 16 ноември 2010 година, а Брзата помош стигнала за 7 минути. Јосип бил без свест, а лекарите се обиделе да го оживеат. Во училиштето стигнал и неговиот татко коj ја набљудувал борбата за живот на сопствениот син. Него срцето му застанало по втор пат, на пат накај болницата, но за среќа лекарите и тогаш успеале да го вратат.
На одделението за интензивна нега во Сплит на рендгенот на белите дробови забележано е зголемена срцева сенка. Веднаш по приемот Јосип бил под седатви во вештачка кома.
– Јас влегував во собата како тој да е тука, како само да спие. Иако знаевме дека воопшто не е свесен – се присеќава мајката Анита…

 
Професорот Ведран Делетис од Загреб, на родителите на Јосип им го претставил методот на вградување на невростимулатор во мозокот со кој би се обиделе да го разбудат од вегетативната состојба. Иако не знаеле точно за што се работи, сакале да се обидат со се и ја дале нивната согласност.
Потоа, 67-миот ден, прв пат откако му застанало срцето во училиште, Јосип дошол во будна состојба. Брзината со која реагирал на надразнувањата околу себе ги зачудело сите и лекарите и родителите. Физички бил во многу лоша состојба, не можел сам да ја држи главата, нозете и рацете му виселе бидејќи целата мускулна маса му пропаднала.
– Последно на што се сеќавам е дека бев во Сплит. Кога се разбудив бев во Загреб во болница. Не знаев кај сум и што ми се случило. На ништо не се сеќавам – вели Јосип.
Неговото закрепнување се продолжило со помош на нутриционисти и секојдневни физикални терапии. На својот 18-ти роденден за прв пат се вратил во Сплит.
– Упаднав во свет кој не ми беше јасен. Бев во собата, а не бев во собата. Како сон кој долго трае, не можам да се сетам на деталите – вели Јосип.На Јосип Кокез, ученик во 3-та година средно Електротехничко училиште во Сплит, му застанало срцето и поминал во кома 67 дена. Денот кога ова му се

Пронајдете не на следниве мрежи: