Маж на возраст од 42 години додека бил во алкохолизирана состојба си го фрлил синот од прозорец на стан кој се наоѓал на четврти кат, известуваат медиумите.
Настанот се случил во Полска во градот Сталова Вола.
Осумгодишното момче претрпело многубројни сериозни повреди, но го преживеало падот од 13 метри, благодарејќи на неколкудневниот дожд кој ја омекнал земјата на тревникот пред зградата.
„Мажот, кому му измеривме два промили алкохол во крвта, најпрво го демолирал станот, ги скршил прозорците и потоа низ еден од нив го фрлил својот малолетен син“, информираше обвинителката Бабара Бандигова.
Таа додаде дека за среќа, местото каде што паднало детето било калливо и иако од голема височина сепак останало живо. Сепак, детето се здобило со повреди на мозокот, белите дробови и неколку скршеници и лекарите се борат за неговиот живот.
На сторителот му се заканува доживотна казна затвор. Маж на возраст од 42 години додека бил во алкохолизирана состојба си го фрлил синот од прозорец на стан кој се наоѓал