Приказната за Чамат Палихапитија, основачот на инвеститорската фирма „The Social Capitol Partnership“ одлично се илустрира со изразот „преку трња до ѕвездите“. Кога Палихапитија се доселил во Канада, живеел од социјална помош, а денес е милијардер. Но, Чамат вели дека богатството само по себе не значи ништо доколку не го употрбите во вистински цели.Кога Чамат Палихапитија се доселил во Канада, живеел многу скромно, над една перална за алишта, а бидејќи неговиот татко не можел да најде работа, неговото семејство живеело од социјалната помош.
Чамат се сеќава и раскажува како токму тој факт дека не можел да си го дозволи она што го имале неговите побогати пријатели влијаел на него и го мотивирал да се потруди и да побегне од канџите на сиромаштијата. Чамат со воодушевување ја гледал листата на Форбс на најбогати луѓе и сонувал за тоа еден ден да го прочита и своето име на истата листа.
„Израснав во многу голема беда. Се што тогаш не сакав е да бидам сиромашен, туку многу богат. Стекнувањето на големо богатство го видов како единствен излез од ситуацијата во која не наоѓав“, раскажува овој човек.
Можеби токму поради ваквиот пристап, Чамат многу млад станал еден од водечките експерти во областа на информатиката. На 26 години станал најмлад потпредседател во историјата на американската компанија „AOL“ , а во 2007 година се приклучил во империјата на Марк Закерберг, „Фејсбук“.
Во овие компании Чамат успеал да стекне завидно богатство кое се проценува на околу милијарда долари.
Но, кога го постигнал она што го сакал, Чамат не бил среќен како што очекувал. Тој вели дека тогаш сфатил дека доколку не направи нешто навистина значајно со своето богатство, нешто што би оставило огромно влијание на човештвото, никогаш нема да биде вистински среќен поради своето богатство.
„Најважната работа која ја сфатив е дека морате да си поставите како цел нешто површно за тоа да ви послужи како отскочна даска. Кога ќе ја остварите таа цел, тогаш морате да си зададете друга цел, нереална, долгорочна, цел која ќе има поголемо значење за светот. На таква цел треба да се фокусирате, да останете цврсто на земја и да бидете од корист за друштвото“, вели Чамат.
Откако ги продал акциите од „Фејсбук“, Чамат основал сопствена фирма која се занимава со инвестиција. „The Social Capitol Partnership“ се разликува од другите фондови по тоа што парите не ги вложува во било која компанија која ќе донесе профит, туку парите ги инвестира само во компании кои се занимаваат со сериозни социјални проблеми.
На пример, фирмата на Чамат ја поддржала компанијата „Glooko“ посветена на борбата против дијабетесот и слично.
„Сакам да оставам големо наследство зад себе. Имав среќа да дојдам до големи пари и сега сум во позиција тие пари кои ги стекнав да ги вратам назад во светот и да оставам трага“, заклучува овој неверојатно млад човек.Кога Чамат Палихапитија се доселил во Канада, живеел многу скромно, над една перална за алишта, а бидејќи неговиот татко не можел да најде ра



